Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал
СПОРТ

Најголема „кражба“ ова лето, Езе го чекаа во Тотенхем тој замина во Арсенал

Објавено August 21, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Еберечи Езе реши да ја продолжи кариерата во Арсенал по ненадејниот пресврт во финишот на преодниот рок. До вчера, Арсенал и Тотенхем се бореа за неговиот потпис, а англиските медиуми објавија дека договорот со Арсенал е завршен за еден ден. Станува збор за 26-годишен офанзивен играч од средниот ред кој има договор со Кристал Палас до летото 2027 година.

Во текот на изминатата недела, се чинее дека прашање на денот е кога Тотенхем ќе го комплетира трамсферот на Езе, кој изјави дека сака да се пресели во редовите на Спарс.

Фабрицио Романо напиша: „Директорите на Тотенхем и Кристал Палас, Даниел Леви и Стив Париш, се во директен контакт околу трансферот на Еберечи Езе. Спарс прифатија да испратат фиксна понуда од 65 милиони евра плус 10 милиони бонуси. Езе потврди дека сака да се приклучи на Тотенхем.“

Неверојатниот пресврт се случи доцна синоќа, објави Дејвид Орнштајн. Арсенал ја изедначил таа понуда и додал бонуси.

„Андреа Берта му се јавил на Езе и кој веднаш му наредил на својот менаџер да прекине каков било контакт со Тотенхем. Сопственикот на Кристал Палас Париш денес додека пазарувал бил воодушевен од тоа колку брзо Берта успеал да ја изведе оваа „кражба“. Џош Кронке веднаш дал зелено светло да го донесе. Езе ќе помине медицински прегледи до крајот на неделата и ќе биде претставен како нов играч на Арсенал“, тврди Орнштајн.

Познато е дека Езе порано навивал за Арсенал. Пред неколку години, тој рекол: „Јас сум нивен навивач уште од мал. Играв таму во младинските категории. Отсекогаш го сакав Тиери Анри и тоа беше една од причините зошто дојдов во академијата на Арсенал. Секако, сакав да играм за клубот што го сакам и да растам со нив.“

Инаку, Арсенал започна преговори со Палас откако поливалентниот напаѓач Каи Хаверц заработи повреда на коленото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израел ја започна копнената офанзива во Газа – жителите масовно ја напуштаат територијата
Следна Статија (Видео) Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Смртен случај е причината што го немаше Панчев на Вардар – Црвена звезда

Еден од најзаслужните што се одигра хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда, Дарко Панчев, го немаше на Арената „Тодор Проески“…

April 17, 2025
СПОРТ

Федерацијата на Гана мислеше дека ќе ја победи Германија па го смени селекторот

 - Ото Адо е отпуштен од функцијата селектор на репрезентацијата на Гана, објавено е на веб-страницата на Фудбалската асоцијација на Гана…

March 31, 2026
СПОРТ

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е Балкански карате-шампион

Данило Божовиќ од карате клубот Макпетрол, освои златен медал на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што се одржува…

November 9, 2025
СПОРТ

Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?