Најмалку 11 мртви во терористички напад на Божикен базар во Германија (Вознемирувачко видео)

- Advertisement -

Грозоморен терористички напад се случи вечерва на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.

Страшна сцена од автомобил кој со полна брзина удри во група луѓе кружи на социјалните мрежи.

Досега се пријавени 11 загинати и 60 повредени. Според информациите од медиумите, возачот влегол во толпата и предизвикал паника.

Пазарот веднаш е затворен, а организаторите ги повикаа посетителите да го напуштат центарот на градот. Возачот набрзо бил уапсен, а полицијата трага по можни експлозивни материјали во тој дел од градот, пренесува Билд.

Министерот, претседателот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Ерих Хаселоф (ЦДУ) е на пат кон местото на несреќата.

Полицијата го уапсила возачот на автомобилот кој со полна брзина налетал на луѓе на божиќниот базар, а моментално трагаат по експлозивни материјали.

Сподели ја оваа статија