Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД
СВЕТ

Најмалку 18 загинати во зимско невреме низ САД

Објавено January 26, 2026 19:31
Сподели
Сподели

Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во ледениот бран што ги зафати САД, јавија денеска американските медиуми.

Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, шеснаесетгодишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето на санката го влечело тинејџер кој возел моторна санка, пренесува Еј-Би-Си. Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоар, а потоа и во дрво.

Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена мртва на паркинг на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.

Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по несреќа во која удрил со санка во дрво, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Салин.

Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија локалните власти, додавајќи дека жртвите се на возраст од 60 до 84 години. Тие ги потсетија жителите да бидат внимателни при чистење снег, особено луѓето со историја на срцеви заболувања или други медицински проблеми.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека пет лица загинале во ледениот бран, а медиумите во Бостон објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од машина за чистење снег.

Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за Еј-Би-Си.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од 15 до 500 евра: МВР ги објави казните од „Безбеден град“
Следна Статија Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трагедија во Словачка: Возови се судрија, повеќе од 90 повредени

Тешка железничка несреќа ја потресе Словачка утрово околу 10 часот, кога два брзи воза се судрија челно во близина на…

October 13, 2025
СВЕТ

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп…

November 21, 2024
СВЕТ

Украинка осудена за продажба на 56 бубрега

Полските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која…

March 11, 2025
СВЕТ

Зеленски се пожали: Драматично е проширен американскиот предлог за ретките минерали

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека Киев нема да прифати никаков договор за ретки минерали, кој би ја…

March 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?