Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила
СВЕТ

Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

Објавено March 30, 2025 09:26
Сподели
Сподели

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одби да ја исклучи можноста за воена сила во неговата кампања за преземање на Гренланд, велејќи дека има обврска да обезбеди сопственост на данската територија, која постојано ги отфрла неговите обиди.

Еден ден откако високи функционери од неговата администрација, вклучително и потпретседателот Џеј Ди Венс, ја посетија американската воена база на островот, Трамп во интервју за „Ен-би-си Њуз“ потврди дека апсолутно разговарал за анексија на Гренланд.

„Ќе го земеме Гренланд. Да, сто проценти“, рече Трамп.

За време на неговата посета во петокот, Венс остро ја критикуваше Данска, обвинувајќи ја дека заостанува во безбедносните инвестиции и на тој начин го остави Гренланд изложен на можни инвазии од Русија и Кина. Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи разговори меѓу САД и островот за потенцијално преземање.

Тој им рече на новинарите потоа дека не сугерира промена во официјалната политика на администрацијата. Наместо тоа, тој нагласи дека Трамп верува дека воената сила нема да биде неопходна за американското преземање на Гренланд.

„Мислиме дека никогаш нема да биде потребна воена сила“, рече Венс во базата Питуфик.

На прашањето за тие коментари за време на интервјуто, Трамп ја повтори својата посветеност на идејата САД да ја преземат контролата врз островот, но додаде дека постои добра можност тоа да се постигне без воена интервенција.

„Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп.

Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И се додека сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо“, додаде.

Во своите изјави, Венс ја обвини Данска за „неинвестирање“ во безбедноста на Гренланд.

„Нашата порака до Данска е многу едноставна: не направивте доволно за народот на Гренланд“, рече тој. „Тоа мора да се смени. А бидејќи не се промени, затоа политиката на претседателот Трамп за Гренланд е токму оваа“.

На овие изјави реагираше данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, кој на социјалната мрежа „Икс“ рече дека Данска може да прифати критика, но не и тонот што го користи администрацијата на Трамп.

Не зборувате така за блиски сојузници“, рече Расмусен, повикувајќи ги САД да соработуваат со Данска за да го зајакнат своето воено присуство на Гренланд.

Новиот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, рече дека коментарите на американските официјални лица покажуваат „недостаток на почит“ кон островот.

Иако Данска е членка на НАТО, а повеќето жители на Гренланд се противат на приклучувањето кон Соединетите Држави, американскиот претседател опстојува.

„Гренланд ни е исклучително важен за меѓународната безбедност. Мора да го имаме Гренланд“, рече Трамп во петокот во Белата куќа.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“
Следна Статија Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп ги објави документите за атентатот на Кенеди

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави материјали поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди за да го исполни своето…

March 19, 2025
СВЕТ

Трамп: Краткорочниот скок на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на…

March 9, 2026
СВЕТ

Затворени се сите гласачки места во САД- Трамп во убедливо водство

Врз основа на тековните проекции на CNN, поранешниот претседател Доналд Трамп има 246 електорски гласови, додека потпретседателката Камала Харис има…

November 6, 2024
СВЕТ

(Видео) Бомба од Втората светска војна пронајдена во река во Берлин, илјадници евакуирани

Илјадници луѓе во центарот на Берлин беа принудени да ги напуштат своите домови синоќа откако во реката Шпре беше пронајдена…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?