Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
СВЕТ

Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“

Објавено January 4, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“.

„Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп, прв поранешен претседател кој бил осуден за кривично дело, може да се појави лично или виртуелно на изрекувањето на казната.

Во одлуката напишана на 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.

Судијата истакна дека наместо затворска казна склон е да одреди „безусловно ослободување“ (што значи дека осудата останува, но обвинетиот е ослободен без затвор, парична казна или условно), што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец.

Лани во мај на судење во Њујорк Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасно, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг
Следна Статија ТАКСИМЕТАР КАКО СТОПЕРИЦА – Девојки изненадени од таксито на Копаоник: „Ова го нема ни во Париз“ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Илон Маск повика на распуштање на Европската унија

Европската Унија треба да биде „укината“ за да се предаде управувањето на националните власти, изјави основачот на Space X и…

December 6, 2025
СВЕТ

Џ.Д. Ванс го истакнува економскиот пристап на Доналд Трамп за да ја промени пораката за трошоците за живот

Потпретседателот бара трпение за достапноста откако Трамп отстапи од скриптата за кризата на трошоците

December 18, 2025
СВЕТ

Украина ќе донесе војна во ЕУ, смета Сијарто

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за американската Си-Ен-Ен изјави дека евентуалното членство на Украина во Европската…

July 24, 2025
СВЕТ

Пронајдена црната кутија од кобниот лет AI171: Еден чекор поблиску до откривање на причината за трагедијата во Индија

Една од двете црни кутии од кобниот лет AI171 е пронајдена на местото на падот во Ахмедабад, еден ден по…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?