Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг
ЕКОНОМИЈА

Нефер трговските практики ќе се казнуваат со до 20.000 евра, Ристески најави строг мониторинг

Објавено January 4, 2025 14:40
Сподели
Сподели

Обновената Комисија за заштита на конкуренцијата од почетокот на годинава има овластување да казнува со високи парични казни за пронајдени договори за нефер трговски практики, со што се зајакнува контролата над пазарот. Како што истакна заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, казните за неправилности во спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, кои започнаа да се применуваат од јануари 2025, можат да достигнат и до 20.000 евра.

Со почетокот на годинава, започнува примена на казните за неправилности при спроведувањето на Законот за нефер трговски практики. Мониторингот, кој беше во функција до крајот на 2024 година, сега прераснува во реални парични казни“, изјави Ристески.

Тој додаде дека Комисијата за конкуренција ќе ги проверува сите договори склучени помеѓу производителите, добавувачите и трговците, а при пронаоѓање неправилности ќе следуваат казни од 20.000 евра.

Според Законот, кој е усогласен со директивите на Европската Унија, се опфатени вкупно 2.546 производи по тарифен број. Претходно, беа утврдени 26 нефер трговски практики, а контролата ќе биде строго спроведувана. Ристески нагласи дека Комисијата за конкуренција ќе може да влегува во фирмите по добивање дојава и да ги проверува договорите. Секое утврдување на неправилност ќе резултира со соодветна казна.

Со овој Закон се опфатени не само производителите и добавувачите, туку и трговците. Целта е да се регулира односот помеѓу овие субјекти и да се создаде ред на пазарот. Рабатите се ограничени на 10 проценти годишно, спречувајќи ги претходно високите рабати до 35-40 проценти“, истакна Ристески.

Како главен ефект на Законот, се очекува стабилизација на цените на производите на подолг рок, што ќе биде во интерес на крајните купувачи, односно на граѓаните. Законот има за цел да послужи како пример и за други земји од Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски на свеченото пуштања на експресниот пат Страцин – Крива Паланка: Овој инфраструктурен проект претставува и е симбол на нашата визија за модерна и поврзана Македонија
Следна Статија Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Продолжуваме да го развиваме авиосообраќајот во Македонија

Wizz Air започна со продажба на билети за новата авиолинија Скопје – Келн, објави Александар Николоски на својот фејсбук профил.…

August 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Преземаме мерки за да се избегне блек-оут како во Шпанија и Португалија, велат Божиновска и Бислимоски

Шпанско – португалскиот искуство со прекините на електричната енергија треба да се истражи, да се преземат мерки и чекори за…

April 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци…

May 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Наместо плати и регрес 100-тина вработени во кочански „Артекс“ добија откази

Наместо плати и регресот за годишен одмор, стотина вработени од текстилната фабрика АРТЕКС останаа на улица, објави телевизија Кочани. Од…

April 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?