Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе
ЕКОНОМИЈА

Најмногу се јадело леб и компир, а се пиеле повеќе сокови отколку вино и кафе

Објавено December 31, 2025 13:58
Сподели
Сподели

 Домаќинствата минатата година половина од домашниот буџет – 50,8 проценти трошеле на храна и пијалаци, од кои најмногу за месо, млечни и житни производи. Сепак, најмногу во домаќинствата се јадело леб – 172,3 кг и компир – 64 кг, додека говедско, телешко и јунешко месо – 16,9 и риба – 18,4 килограми. Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри и млеко – 73,4 литри.

Ова го покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“, на Државниот завод за статистика.

Над половина од семејниот буџет во 2024 година одел за храна и безалкохолни пијалаци, односно по околу 159 750 денари.

За храна домаќинствата во просек најмногу трошеле за месо – 38 397 денари, потоа за млеко, млечни производи и јајца – 30 411 денари, за производи од жито – 25 079 денари, за зеленчук – 21 373 денари, за овошје – 9 932 денари, за шеќер и чоколади – 7 409 денари, други прехранбени производи – 6 375 денари, за масло и маснотии – 5 160 денари, и најмалку за риба – 4 369 денари.

Најмногу се јадело леб – 172,3 килограми и компир – 64 килограми. Во просек на семејната трпеза имало по околу 25 килограми – тестенини и ориз, млеко – 73,4 литри, сирење – 32,4 килограми, 609 јајца, но и чоколади и кекси – 22,7 килограми и шеќер – 19,8 килограми.

Од зеленчук во просек се јадело по 33 килограми домати, 30,4 килограми пипер, 29,5 килограми зелка и 19,2 килограми краставици. Грав – 14,9 килограми, а грашок и боранија 0,7 килограми.

Од овошје најмногу се јадело јужно – 70,2 килограми, потоа бостан – 33,5 килограми и јаболка – 31,4 килограми. Праски и кајсии – 7,8 килограми, круши – 3,8 килограм, грозје – 3,5 килограми и цреши и вишни – 1,5 килограми.

Од месо најмногу на домашната трпеза имало живина – 45,6 килограми, потоа свинско – 23,6 килограми, говедско, телешко и јунешко – 16,9 килограми и овчо и јагнешко – 0,4 килограми. Свежа и замрзната риба домаќинствата во просек изеле по 16 килограми, а преработки од риба – 2,4 килограми.

Владата доцна синоќа донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства

Од млеко и млечни производи најмногу се консумирало кисело млеко и јогурт – 76,2 кг, потоа пресно млеко 73,4 литри и сирење – 32,4 кг.

За пијалаци и тутун, најголем дел од домашниот буџет одел за тутун – 14 285 денари, потоа 6 293 денари за безалкохолни пијалаци, за кафе, чај и какао по 4 951 денари, и за алкохолни пијалаци се трошеле 4 309 денари.

Најмногу се пиеле безалкохолни пијалаци – 181,6 литри, а кафе и какао – 7,8 килограми. Од алкохол најмногу пиво – 28,6 литри, вино – 4,6 литри и жестоки пијалаци – 1,9 литри.

Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено на 5040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598 632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555 079), 5,2% се мешовити (31 373), а само 2% се земјоделски (12 180).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави
Следна Статија Исклучен е од сообраќај кичевчанец кој возел под дејство на алкохол

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Берзански идиции на Dow Jones растат: Дали вештачката интелигенција ќе се врати или ќе го намали пазарот?

Dow Jones и Russell 2000 достигнаа нови врвови минатата седмица, додека Nasdaq падна.

December 16, 2025

Пазар на кошници: Втора најдобра синџир на продавници за намирници во земјата

Истражувачки извештај открива импресивен успех на Market Basket во националното рангирање на продавници за намирници

January 11, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: За брзо време ќе биде избран методот за изградба на хидроцентралата Чебрен

Во најкус временски период ќе знаеме точно кој метод ќе го примениме при изградбата на хидроцентралата Чебрен, но секако сакаме…

May 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Преговараме со 15 компании, очекуваме нова инвестиција од над 300 милиони евра

На денешното емитување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен како Македонија повторно твоја гостуваше премиерот на Република Македонија и претседател на…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?