Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит
Traveler

Најубава плажа во Европа за 2026 година е Елафониси на Крит

Објавено February 20, 2026 10:35
Сподели
Сподели

Со песок во боја на шеќерна волна, кристално чиста вода и рекорден број рецензии оценети како „над сите очекувања“, оваа плажа се искачи на врвот на листата Травелерс Чојс Авордс (Награди според патиците). Според анализата што ја пренесува онлај медиумот Тајм аут (Time Out), токму високата стапка на воодушевени посетители ѝ ја донела титулата за најдобра во Европа.

Станува збор за плажата Елафониси (Elafonissi Beach), сместена на југозападниот дел од островот Крит. Нејзиниот речиси надреален пејзаж се создава кога тиркизното море ги заплискува широките појаси од розов песок. Карактеристичната боја е резултат на ситно издробени школки и микроорганизми со црвен пигмент, донесени од коралните гребени и измешани со белиот песок под влијание на плимата.

Посетителите можат да ја планираат прошетката за време на осека, кога се појавува песочен премин што го поврзува Крит со малото островче Елафониси, или да поминат низ плитката вода за да стигнат до помирните и поскриени заливи. Поради сè поголемата популарност, се препорачува посетата да биде надвор од шпицот на туристичката сезона.

 

Интересно е што плажата во 2025 година беше прогласена не само за најдобра во Европа, туку и во светот. Сепак, според онјан медиумот „Трипадвајзор“, светската титула за 2026 година ѝ припадна на Исла Пасион ( Isla Pasión во Мексико. И покрај тоа, Крит останува доминантен на европската листа, со дури три плажи меѓу првите десет.

Топ 10 плажи во Европа според онлајн платформата Трипадвајзор за 2026:

 

· Елафониси, Крит, Грција

 

· Лагуна Балос, Крит, Грција

 

· Праја да Фалезија, Ољош де Агуa, Португалија

 

· Ла Пелоса, Сардинија, Италија

 

· Фаласарна, Крит, Грција

 

· Платха де, Мајорка, Шпанија

 

· Палеокастрица, Крф, Грција

 

· Спјаџа деј Кониљи, Лампедуза, Италија

 

· Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија

 

· Плаж де Паломбажа, Порто-Векио, Франција

Европа и оваа година потврдува дека нејзините плажи можат рамноправно да се натпреваруваат со најегзотичните светски дестинации.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривична за екс директорка на Клиничка болница Битола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Traveler

Сметка од кафуле во Будва од која гостите ги заболе глава

На Фејсбук страницата Podgorički.info беше објавена сметка од ресторан во Будва, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Јасно пишува…

August 14, 2025
TravelerМАКЕДОНИЈА

Македонија во репортажа на СНН травел: Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа

Сè уште постои една прекрасна земја во Јужна Европа со вкусна храна, одлично вино и без туристички гужви – и…

December 4, 2025
Traveler

Од денеска се отвора скијачката сезона на Михајлово

Од денеска се отвора сезоната на Михајлово, информираа  од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Во функција се двете…

January 12, 2026
Traveler

Турците и Србите најбројни туристи – доаѓаат и Германци и Полјаци

Турците и Србите биле најбројни туристи во Македонија. Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември нè посетиле 32.950…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?