Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем
МАКЕДОНИЈА

Наќе Чулев вели дека излегле на виделина причините за елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем

Објавено September 2, 2025 09:53
Сподели
Сподели

Внатрешните истраги во Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, како и известувањата поднесени до ОЈО за грубо кршење на законот од страна на раководители и вработени во нив, недвосмислено укажуваат на системска злоупотреба на безбедносно-разузнавачките служби. Злоупотребата на државни ресурси за следење и прислушување на лидер на опозицијата и истакнати опозициски претставници, новинари, бизнисмени, обвинители, министер и кој ли уште не, не е изолиран инцидент и удар врз поединци, туку удар врз демократијата, слободата, владеењето на правото и довербата во институциите, објави Наќе Чулев, поранешен министер во Министерството за внатрешни работи.

Тој потенцира дека на виделина излегоа и причините за мојата професионална дискредитација, но и дискредитацијата на други колеги, незаконското следење, клевети и координирана манипулативна кампања со цел елиминација на професионални кадри од безбедносниот систем, само поради идеолошки разлики.

-Уште од 2020 година, и покрај сите притисоци, измислени оперативни обработки и закани, во континуитет јавно предупредував и укажував на ризиците од незаконското постапување и злоупотребата на службите со цел демонизирање на опозицијата. Тука е и латентната колатерална штета, бидејќи манипулативните и лажни белешки не застануваат кај таргетираната личност, туку отруеното досие со години фрла сенка врз сопружници, браќа/сестри и деца – блокира работни места и сертификати, комплицира визи, работни дозволи и го лимитира пристапот до граѓански права, лепи стигма, го нарушува угледот и достоинството и на тој начин станува колективна казна, додаде Чулев.

Во својата објава додава дека денес, кога е евидентно дека ресурсите на службите брутално се злоупотребувале за политички, бизнис и лични интереси, повторно апелирам дека е неопходно да има целосна истрага, декласификација на дел од фабрикуваните материјали и санкционирање на нарачателите и извршителите.

Ова е битка, но и можност да изградиме модерен, транспарентен и одговорен безбедносно-разузнавачки систем кој ќе ја штити државата и граѓаните, а не ќе се користи за прогон на политички неистомисленици, истакна Чулев.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фицо: Европската Унија се однесува како навредено дете, Словачка ќе биде дел од новиот светски поредок
Следна Статија (ВИДЕО) Расправија во ЗОО Скопје: Негувателот им вели на децата да се симнат од оградата, родителот: „Ако де што има врска, да не се внатре?“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повеќето граѓани сакаат смена на Судски совет и на државниот јавен обвинител

Во анкетата на МКД.мк,на актуелното прашање за смена на Судскиот совет и на јавниот обвинител, мнозинството од испитаниците дале позитивен одговор.…

April 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бадијалџии: 23,7 отсто од младите во Македонија ниту учат, ниту работат

Додека светот денес го слави 12 август - Меѓународниот ден на младите, младите луѓе во државата сè уште живеат во…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување на Коцевски на владина седница

Од владината прес-служба информираа дека на денешната седница ќе биде разгледано мислењето доставено од Министерството за правда во врска со…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

Идентификувани се дваесетина лица за кои постојат основани сомневања дека стојат позади пожарите. За жал, постојат центри на моќ кои…

September 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?