Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација за пожарот во Кочани

Објавено March 29, 2025 17:47
Сподели
Сподели

На истражните органи им е предадена целата медицинска документација што ја побараа за пожарот во Кочани. Понатаму што прават, ниту ме интересира, ниту сум ги прашал, најверојатно си ја тераат процедурата, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој повтори и дека зависно од потребите и барањата на пациентите, во Кочани ќе се испраќаат мултидисциплинарни екипи составени од пластични хирурзи, психолози и психијатри. Ако треба ќе бидат вклучени и физикални терапевти, како и токсиколози, интернисти, хирурзи,.. 

Не знам што би правеле на лидерска средба кога институциите беспрекорно работат, тоа би било само губење време, рече денеска претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и министер за здравств

Како што информира Таравари, сите пациенти, генерално, се секој ден се подобри, некои се екстубираат, се враќаат на нормални оддели и се третираат со трансплантација на кожа за да се затвори раната и да нема појава на нови инфекции. Остануваат препораките дека пациентите се трауматизирани и дека е добро во однос на однесувањето со нив многу да се внимава. 

-Од истражните органи се што беше побарано од нас како медицинска документација, се е предадено. Тоа што е побарано е дадено и повторно што ќе биде побарано ќе биде дадено. Истражните органи си ги знаат процедурите и не би сакал да се мешам во таа работа, истакна Таравари, одговорајќи на новинарски прашања по прес-коннеференцијата на која ја соопшти состојбата на хоспитализираните по трагедијата во Кичево.

Во однос на медицинските тимови, дециден е дека што ќе побараат колегите од Кочани, тоа и ќе биде испратено.

-Одредени тимови од пластична хиругија веќе беа и ќе продолжат да одат, комуницираме со сите пациенти, и со тие што се испишани и со тие што се на болничко лекување, во тек сме и какви ќе бидат барањата, така ќе постапуваме, подвлече министерот.

Директорката на Клиниката за пластична хиругија Јасмина Ѓоргиевска Павловска уверува дека се што има надвор од државата во однос на пластична хирургија, се нуди и на нашата Клиника. Третманите, рече, многу зависат од оштетувањето и лузните на кожата.

-Од првиот ден се трудиме лузните на пациентите да ги превенираме и да ги сведеме на минимум. Ги советуваме пациентите како треба да се однесуваат со нивната веќе изгорена кожа која иако е заздравена, е многу нежна. Им препорачуваме хидратантни креми од медицинска козметика, без парфеми и бои, со заштитен фактор 50. Најдобро е воопшто да не излегуваат на сонце за лузните да не пигментираат. На сите пациенти им се дадени пакетчиња со креми за соодветен третман. Се имаме и ние што се нуди надвор. Имаме и хирурушки зафати за ставање експандери за експандирање на нормалната кожа за да се покрија лузните на лицето, рацете,… Го работиме тоа со години наназад, истакна Ѓоргиевска Павловска.

Министерот Таравари претходно соопшти дека пет пациенти од хоспитализираните во Скопје се пуштени денеска, двајца се враќаат од Литванија и Шведска, а четворица од оние кои се лекуваат во странство се во критична состојба. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ниту еден од пациентите од Кочани примени во „Пирогов“ не е на механичка вентилација, изјави директорот Валентин Димитров
Следна Статија О2 бара кривична одговорност и одземање на „А“ интегрираната дозвола на рудникот Тораница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Испративме протестна нота до Амбасадата на Австрија поради непрописно паркирање во пешачка зона во Капиштец

За странските дипломати мора да важат истите прописи за паркирање како и за сите други граѓани во Центар. Испративме протестна…

October 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

УХМР предупредување: Утре ќе дува засилен ветер, над 70 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи извести дека утре низ земјава наместа ќе дува засилен северен ветер, дури над 70 километри на…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Цветановски: Се бараше изземање на обвинителот Пеливанов за пораките со Гури, Дисциплинската Комисија не е блокирана

Трајче Пеливанов е обвинителот за кој вишиот јавен обвинител, Јован Цветановски, иницирал дисциплинска постапка, по службена должност. Причина е наводот…

March 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стојанче Ангелов: Ние македонските бранители го одбранивме територијалниот интегритет и суверенитет на татковината

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија со своја честитка излезе и Стојанче Ангелов, актуелен директор на…

September 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?