Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Никола Топиќ му е дијагностициран рак на тестиси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > На Никола Топиќ му е дијагностициран рак на тестиси
СПОРТ

На Никола Топиќ му е дијагностициран рак на тестиси

Објавено October 31, 2025 08:09
Сподели
Сподели

Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија.

Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер.

Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар.

На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер го продолжи договорот со српскиот кошаркар.

Прести потврди дека интервенцијата е извршена во Хјустон.

„Онколозите се многу позитивни во врска со неговата ситуација“, рече Прести.

Прести рече дека ракот на тестисите е најлечивиот облик на рак кај мажите, но за Топиќ е препорачана хемотерапија.

„Топиќ не сакаше да ги објави овие информации сè додека не ги започна третманите, што и го направи. Тој е тука, тренира, вежба, во текот на целиот овој процес“, додаде Прести.

Во моментов, не е познато кога Топиќ би можел да се врати на теренот, а тимот го става на прво место неговото здравје.

Засега, третманот ќе трае четири до шест недели.

„Топиќ е навистина извонреден млад човек. Мислам дека сите го знаат тоа. Тој е зрел, смирен, издржлив. Има сè што е потребно за некој што се справува со ваква ситуација и ќе ја надмине“, додаде Прести.

Да ве потсетиме дека Топиќ беше драфтуван како 12-ти пик во 2024 година, но ја пропушти целата сезона поради повреда на коленото

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Скопје добива градоначалник кој ќе работи неуморно и чесно, Орце Ѓорѓиевски е човекот кој ќе воведе ред, чистота, култура
Следна Статија Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота

Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога…

October 12, 2025
СПОРТ

Трансферот на Арнолд во Реал, сепак, нема да биде бесплатен, Ливерпул бара посебна компензација

Трент Александeр-Арнолд официјално минатата недела објави дека го напушта Ливерпул, клубот каде што ја помина целата своја кариера. Веста означува…

May 14, 2025
СПОРТ

Тер Штеген е во војна со Барселона – Намерно објави лажни детали за својата операција

Тензиите меѓу Барселона и германскиот голман Марк-Андре тер Штеген продолжуваат. Барселона веќе некое време се обидува да се ослободи од…

July 25, 2025
СПОРТ

Националистички скандирања за Голема Албанија и Илирида за време на натпреварот Шкендија-Карабах

Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие…

August 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?