Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето
МАКЕДОНИЈА

На пратениците од власта не им се допадна како Апасиев ја организира надзорната расправа за Ефектите од аерозагадувањето

Објавено February 17, 2025 16:30
Сподели
Сподели

Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања денеска одржува седница на која се разгледуваат прашања во врска со спроведувањето на Деловникот на Собранието при работа на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот за надзорната расправа закажана за 25 февруари 2025 година на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. 

Пратениците од владеачките партии му забележуваат на претседателот на Постојаната анкетна комисија Димитар Апасиев за начинот на закажување и организирање на надзорната расправа, а за нив е спорно и матичното тело кое организира надзорна расправа на темата за „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. 

Апасиев за време на седницата рече дека „се прави обид за брутална саботажа на легитимен процес“ на свикување надзорни расправи. Тој објасни дека надзорната расправа е свикана врз основа на 20 потписи од пратеници од опозицијата. Пратениците на моменти јавно му префрлаа на Апасиев за речникот што го користеше од пратеничката говорница. 

До пред да го донесеме новиот Деловник имало само еден тип на надзорна расправа, а тоа е по иницијатива на член на матично работно тело. Бидејќи во сите комисии власта има мнозинство, се измислил друг институт, а тоа е дека по барање на 15 пратеници мора да одржите надзорна расправа, рече Апасиев додавајќи дека тоа го побарале дваесет пратеници од него. 

За време на дебатата пратеничката Илире Даути од Европскиот фронт предложи да се покрене иницијатива за интерпелација на Димитар Апасиев и тој да се разреши.

Зошто твоето право е позначајно од моето право? Немате право да зборувате за интерпретација на Деловникот, рече Даути меѓу другото.

Апасиев кажа дека неспоредливи се неговата и нејзината ситуација.

Не сум прекршил ниту еден член на Деловникот, сѐ е испочитувано, не се споредливи мојата и вашата ситуација, одговори Апасиев.

Тој рече дека нема спорни прашања, а за комисијата со коjа преседава рече оти е основана со Уставот.

Според Весна Бендевска, проблем е начинот на однесување на претседателот на анкетната комисија, а врз основа на насловот на надзорната расправа и матичното тело кое ќе ја организира.

Лага е дека некој сака да ја опструира надзорната расправа, рече Бендевска.

Таа меѓу другото посочи и спорна комуникација на социјалната мрежа „Вибер“. Според неа, лага е дека оваа јавна расправа нема да се одржи. За аерозагадувањето рече дека е еколошки проблем.

Не може Собранието да е заложник на ничија суета, додаде Бендевска.

Откако беше упатено јавно барање за негово присуство, на седницата се приклучи и собранискиот претседател Африм Гаши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лавров и Ушаков ќе ја застапуваат Русија на средбата со американските функционери во Саудиска Арабија
Следна Статија Милошоски за новиот грб: Македонија не треба да биде во друштво на Белорусија, Таџикистан и Ангола

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Откриен гроб со протома од коњ положен на страна кој датира од железното време на локалитетот Исар Марвинци

Локалитетот Исар – Марвинци, Валандово, и оваа година продолжи да носи значајни археолошки откритија и да го збогатува македонското културно…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“

На 8 ноември на МРТ и на јутјуб каналот на Бушава азбука ќе почне да се емитува „Буквождер“, нова македонска…

October 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средбата со Кошта: Не смееме да бидеме колатерална штета на ветото и на билатерализацијата на процесот на евроинтегрaција

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на која нагласи дека во процесот на европската…

May 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Спасени заглавени работници во Лазарополе: Изгубиле телефонски контакт, а полицајци цела ноќ ги барале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во…

January 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?