Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На СДСМ почнаа сите да им пречат: Јован Деспотовски го нарекоа петтоколонаш, предавник и соработник на ВМРО-ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > На СДСМ почнаа сите да им пречат: Јован Деспотовски го нарекоа петтоколонаш, предавник и соработник на ВМРО-ЗНАМ
ПОЛИТИКА

На СДСМ почнаа сите да им пречат: Јован Деспотовски го нарекоа петтоколонаш, предавник и соработник на ВМРО-ЗНАМ

Објавено December 27, 2025 16:14
Сподели
Сподели

Како верни наследници на антифашистичката борба, СДСМ никогаш не соработувал, ниту ќе соработува со сили што имаат корени во фашизмот.

ВМРО-ДПМНЕ има длабока историска поврзаност со фашистичките режими – за време на Втората светска војна, ВМРО под водство на Иван Ванчо Михајлов соработувал со нацистичките сојузнички сили, вклучително и со Независната Држава Хрватска (НДХ), марионетска фашистичка држава.

Денес, ВМРО-ДПМНЕ покажува фашистичко однесување преку воведување Рзолуција за забрана на слободата на говор, што е во целосна спротивност со нашето антифашистичко и демократско наследство.

Јован Деспотовски, член на СДСМ, дејствува како петтоколонаш, предавник одвнатре, во договор со членови на ВМРО-ЗНАМ, кои со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата.

Целата акција е спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излегоа тајните планови за „мигранти за пари“, изолацијата на Македонија и криминалните активности што ги објави нашиот партиски АКТ.

Акцијата е дури и координирана и финансирана од СНС и Вучиќ, со цел да се заштитат нивните бизнис-зделки со Христијан Мицкоски и неговата избрана банда.

Ова е докажано преку координирани текстови во медиумите, каде што коалицијата ВМРО-ЗНАМ секојдневно ги засилува нападите врз СДСМ и се обидува да ја урива од вантре.

Јован Деспотовски беше противкандидат на актуелниот претседател и загуби на внатрепартиските избори, а сега, од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори.

Соработката со Геро само еден пример. Овој „новинар“ за себе вели дека е „алфа анти-СДСМ“ и со тоа се фали во своите текстови. За партијата, за сегашни и поранешните функционери пишува навреди, дури вели: „ќе ги разбуцаат како бугарското собрание“!

Овој случај потсетува на историскиот пример на Видкун Квислинг, норвешки политичар за време на Втората светска војна, кој тајно соработувал со нацистичките окупатори, саботирајќи ја сопствената земја и партија одвнатре за да ја преземе власта како марионетски премиер.

Тоа довело до длабоки поделби и слабеење на норвешкиот отпор. Квислинг бил осуден за предавство и погубен по војната, а неговото име станало синоним за „предавник“ поради соработката со непријателските окупатори.

Имавме можност и во не така далечното минато да видиме дека некои членови ја напуштија идеологијата на СДСМ, формираа свое движење ЗНАМ и се приклучија кон предавничката влада на ВМРО, која е подготвена да ја продаде иднината на Македонија во проектот „мигранти за пари“.

По изгласувањето на резолуцијата во Парламентот што ја забранува слободата на говор – резолуција што потсетува на Хитлеров декрет – тие го покажаа своето вистинско лице.
Како што можевте да видите, со денови СДСМ трпи напади токму од таа коалиција ВМРО-ЗНАМ, во обид да се дестабилизира нашата партија.

Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: „ја продаде верата за вечера“.

За неговото однесување додека беше на функција сведочеа многу членови на СДСМ. Сега целосно го покажа своето вистинско лице.

Поради тоа, овој случај го доставуваме до надлежните органи на СДСМ, Централниот одбор, согласно Статутот на СДСМ со барање за итно исклучување на Јован Деспотовски од партијата.

Со тоа ќе се зачува интегритетот на СДСМ, ќе се заштитат нашите демократски вредности и борбата за подобро општество, и ќе се спречи понатамошна штета од петтоколонашите во нашите редови.

СДСМ продолжува по патот на борбата за подобра иднина на Македонија, за единство и напредок. СДСМ продолжува по патот на европските демократски вредности.

Борба против изолацијата на Македонија, борба против криминалот и корупцијата, борба за европскиот пат!

Оваа борба започна и нема да запре!

Време е да го одвоиме житото од плевелот (каколот) и да продолжиме со таа борба.

Нема место меѓу нас за квислинзи.

Никој нема да нè запре!

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гаши: Во јануари ќе донесеме календар за работа, мора да прекине пристапот дека Собранието е гласачка машинерија за закони
Следна Статија Деспотовски дo Филипче: Со една одлука не можеш да ми ја избришеш работата од 30 години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ објави видео: Брат на градоначалникот на Гази Баба дивее со „мини купер“, полицијата не го казнува

СДСМ денеска објави видео снимка за која тврди дека е од полициски радар на кој се гледа како братот на…

April 28, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче по средбата со Мицкоски: Ќе формираме работни групи за реформската агенда во правосудството, енергетиката и здравството

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го оцени состанокот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како добар и конструктивен,…

April 3, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ не гледа потреба од нова лидерска средба

Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција во партиското седиште прашан за коментар за изјавата на лидерот…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Со молкот стануваш соучесник, вели Шилегов

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. 1.000 зошто, едно затоа: За да нема нејаснотии,…

October 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?