Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час
МАКЕДОНИЈА

На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час

Објавено December 4, 2025 09:47
Сподели
Сподели

Во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина. На скопската обиколница бил „фатен“ возач кој возилото го управувал со брзина од 231 километар на час.

Информацијата ја потврдија началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска-Манов, и државниот советник во кабинетот на министерот, Владимир Велковски. Тие рекоа дека рекордерот бил регистриран на 1 декември.

„Тоа значи дека ние буквално имаме возачи што улиците ги третираат како тркачки патеки. Тоа уште еднаш потврдува дека ни е потребен систем што работи 24 часа, а не само кога има патрола на патот. Грешката на таа брзина најчесто завршува со трагедија, а не со казна“,рече Велковски.

Инаку, вчера од МВР информираа дека на вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

Најбрзо се возело на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.

Од податоците што МВР ги има за два дена забележале дека вториот ден бројот на прекршоци бил преполовен односно биле регистрирани 50 652 прекршоци за 24 часа за разлика од 1 декември кога системот евидентирал 110 илјади прекршоци.

Арсовска-Манов вели дека сообраќајот во главниот град полека се смирува и бројките на сторени прекршоци полека опаѓаат, меѓутоа сепак е рано да се излезе со било каква статистика и да се каже – добро е, заврши, се намалува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конзервативци водат на изборите во Хондурас, покажуваат раните резултати
Следна Статија Активноста на услужниот сектор во Кина повторно забавена, што укажува на слаба економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Во…

June 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно…

March 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари – вкупно 7.000 денари повеќе за пензионерите!

Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите:1.000 денари во септември 2025…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?