Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час
МАКЕДОНИЈА

На скопската обиколница возел со брзина од 231 километар на час

Објавено December 4, 2025 09:47
Сподели
Сподели

Во пробниот период на системот „Безбеден град“ камерите регистрирале рекоред во пречекорување на дозволената брзина. На скопската обиколница бил „фатен“ возач кој возилото го управувал со брзина од 231 километар на час.

Информацијата ја потврдија началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска-Манов, и државниот советник во кабинетот на министерот, Владимир Велковски. Тие рекоа дека рекордерот бил регистриран на 1 декември.

„Тоа значи дека ние буквално имаме возачи што улиците ги третираат како тркачки патеки. Тоа уште еднаш потврдува дека ни е потребен систем што работи 24 часа, а не само кога има патрола на патот. Грешката на таа брзина најчесто завршува со трагедија, а не со казна“,рече Велковски.

Инаку, вчера од МВР информираа дека на вториот ден од тест-периодот на системот „Безбеден град“ најголемата регистрирана брзина во тест-периодот изнесувала 209, додека најмалата брзина за која е регистрирана казна е 51 километри на час.

Најбрзо се возело на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека најмногу прекршоци за поминување на црвено се регистрирани на раскрсницата на улиците „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“.

Од податоците што МВР ги има за два дена забележале дека вториот ден бројот на прекршоци бил преполовен односно биле регистрирани 50 652 прекршоци за 24 часа за разлика од 1 декември кога системот евидентирал 110 илјади прекршоци.

Арсовска-Манов вели дека сообраќајот во главниот град полека се смирува и бројките на сторени прекршоци полека опаѓаат, меѓутоа сепак е рано да се излезе со било каква статистика и да се каже – добро е, заврши, се намалува.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конзервативци водат на изборите во Хондурас, покажуваат раните резултати
Следна Статија Активноста на услужниот сектор во Кина повторно забавена, што укажува на слаба економија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ана Дангова Хуг е новиот кандидат за судија во Стразбур

Комисијата за избор на кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) денеска одржа седница, по добиеното мислење…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Хибридни напади ќе има, важно е институциите да соработуваат, вели Андоновски

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека се хрибридни заканите и пораките кои по електронски пат во петокот…

February 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

Комисијата за избор на кандидат на Република Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, во…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?