Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи
ЕКОНОМИЈА

На скопскиот аеродром пристигна првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ со 180 германски туристи

Објавено February 16, 2025 18:00
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, менаџментот на ТАВ и директорот на германскиот тур-оператор на RSD Reisen Хорст Живковиц, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје го пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата „Фрибрд ерлајнс“, кој ја донесе првата група од 180 германски туристи. Со ова се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром секој ден, почнувајќи од денеска до почетокот на јуни, и потоа од октомври до средината на декември. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава.

Министерот за транспорт Николоски, истакна дека ова е ден за паметење, затоа што, како што рече, Македонија гледа голем број на туристи надвор од главната сезона.

-Она што е најзначајно да се каже е дека со заеднички напор на Владата, на туроператорите, со заеднички напор и поддршка и на ТАВ Македонија и двата аеродроми Скопскиот и Охридскиот, успеваме да привлекуваме туристи кои доаѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. Во периодот меѓу февруари и мај, и периодот меѓу октомври и декември, во Македонија само оваа година ќе дојдат 35.000 туристи, рече Николоски.

Изрази очекување тој број да расте во годините што следат, и како што кажа, тоа значи 35.000 туристи коишто ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите кафеани, ресторани, кои ќе купуваат убави сувенири од Македонија, и на тој начин ќе придонесуваат за локалната економија.

Министерот Љутков изрази надеж дека ќе бидеме бидеме добри домаќини во иднина со ваков капацитет, и угостителите ќе имаат можност да ги подбруваат своите капацитети во иднина, со што би имале и поголем број на туристи и поголем број сместувачки капацитети.

-Денеска му посакавме добредојде на првиот чартер лет на „Фрибрд ерлајнс“ кој донесе 180 германски туристи од Дизелдорф и од Франкфурт. Ги пречекавме со дел од македонската култура, со македонски ајвар и со разгледници од знаменитостите на Скопје. Се надеваме дека сите 35.000 туристи кои се очекува да пристигнат оваа година од 13 различни дестинации од Германија, Франција и Велика Британија на Меѓународниот аеродром Скопје, ќе имаат убави сеќавања од нивното патување исполнето со гостопримство, културни доживувања и гастрономски уживања, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Главниот извршен директор на германскиот тур-оператор RSD Reisen Хорст Живковиц, истакна дека нивните клиенти со нетрпение чекаат да ја посетат нашата земја и оти до крајот на сезоната планираат да донесат 35.000 гости.

-Досега имаме договорено летови за 25.000 патници кои ги резервираа овие тури од Германија, Австрија, Франција и Велика Британија, и до крајот на сезоната очекуваме да донесеме 35.000 гости. Убеден сум дека гостите ќе уживаат во вашата прекрасна земја, историјата и топлото добредојде на луѓето кои живеа овде. Јас навистина уживав кога ја посетив Македонија, изјави Живковиц.

Авиокомпанијата ангажирана од македонски и германски тур-оператори во соработка со македонската Влада, ќе лета до скопскиот аеродром секој ден од февруари до јуни, и од октомври до декември. Се очекува оваа програма за дојдовен туризам да донесе вкупно 35.000 европски туристи од Германија, Франција и Велика Британија.

Европските градови од кои ќе полетува „Фрибрд ерлајнс“ и ќе слетува на скопскиот аеродром се – Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф и Франкфурт (Германија), Манчестер, Лондон – Гетвик (Велика Британија) и Париз, Лион и Марсеј (Франција).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицајци нападнати во Ќерамидница, оштетено службено возило
Следна Статија Притвор за двајцата кавадарчани кои претепаа началник во ноќен клуб

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Божиновска: МЕПСО ќе биде под Министерството, ЕСМ останува под Влада

Не може под исто министерство да биде производството на струја и дистрибуцијата, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини…

January 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?