Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На тротинет само со наполнети 18 години
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На тротинет само со наполнети 18 години
ХРОНИКА

На тротинет само со наполнети 18 години

Објавено June 24, 2026 13:46
Сподели
Сподели

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес во своето излагање  на собраниска седница се осврна на безбедноста при управување со електрични возила. Тој кажа дека во последните години, иако појавата на електричните возила донесе поголема мобилност, истовремено создаде и нови предизвици за безбедноста во сообраќајот. Затоа, како што вели тој, мерките од Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се воведуваат за подобра заштита на младите.

„Последниве неколку години сведоци сме на големи промени во сообраќајот. Појавата на нови видови електрични возила на пазарот овозможува поголема мобилност на нашите граѓани. Но, истовремено отвора значителни ризици за безбедноста на учесниците во сообраќајот“, истакна Мицевски.

Тој истакна дека регулацијата на овие лесни електрични возила се уште е фрагментирана во земјава, анализите покажуваат дека во периодот од 2024 година до мај 2026 година, на патиштата низ државата во пријавени сообраќајни незгоди учествувале 2352 возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли. Од вкупниот број настрадани возачи на мопеди, електрични тротинети и моторцикли, 46 загинале, 585 се здобиле со тешки телесни повреди, а 1347 со полесни телесни повреди.

„Овие бројки загрижуваат и укажуваат на потребата од системска регулација на овие возила. Затоа со Предлог законот за изменување и дополнување на законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, се врши дефинирање на лесно електрично возило. Оваа дефиниција завзема предвид за компаративните искуства на повеќе земји во регионот. Воедно, се врши суштинска интервенција во однос на дозволената брзина на движење на лесните возила, електрични возила, односно се предвидува максимална брзина до 20 километри на час согласно препораките на ЕУ, во делот на регулирање на сообраќајот на овој тип на возила“, вели Мицевски.

Мицевски истакна дека со цел да се спречат идни повреди и штети, се предвидува заострување на условите под кои може да се управува ваков вид на возило, со зголемување на старосната граница, а минималната возраст да биде од 18 години за управување на овие возила.

„Ние сме свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока. Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст“, кажа Мицевски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во Албанија се бараат уставни измени и техничка влада, дали ова ви звучи познато?
Следна Статија Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР за објавувањето на дипломатската нота

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдени трите девојчињата кои беа пријавени за исчезнати во Скопје

Пронајдени се трите малолетни девојчиња кои беа пријавени за исчезнати вчера во Скопје. 75-годишно лице од скопска Ќерамидница вчера во…

April 18, 2025
ХРОНИКА

Маж нападнат од партнерката, го тепала на паркинг

На 30.06.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје 29-годишен маж пријави дека на 29.06.2025 околу 17:00 часот на паркинг на…

July 2, 2025
ХРОНИКА

Зелениково: Возот вратен на шини, железничкиот сообраќајот нормализиран

Пругата е пуштена за сообраќај откако товарниот воз вчера, во 21:37 часот, беше излезен од шините, по што во прекин…

November 18, 2024
ХРОНИКА

Полицијата ги пронајде планинарите кои вчеравечер се изгубија во Тетовско

Вчеравечер во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра…

November 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?