Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР за објавувањето на дипломатската нота
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР за објавувањето на дипломатската нота
МАКЕДОНИЈА

Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР за објавувањето на дипломатската нота

Објавено June 24, 2026 13:47
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Желаско Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци.

„ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење како шеф на дипломатијата. Според него ова е неприфатлив начин на меѓусебно функционирање на две држави, нагласувајќи дека дури и во земји што се во војна вакви работи не им се случуваат.

„Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски преставници. Никогаш таков документ не излегол во кавност од кај нас. А, може да се случи, но јас прв би се извинил“, рече Муцунски посочувајќи дека посебен проблем е што беа објавени лични податоци.

Тој притоа соопшти дека го повикал амбасадор Радуков и побарал објаснување како дошло до објавувањето на нотата , но дека досега не добил одговор.

„Го изразивме високиот степен на незадоволство од ваквиот гест“, рече министерот, поентирајќи дека постои цела организирана мрежа особено во онлајн просторот од Бугарија чии активности се поврзани со спорот што ги имаат со Македонија и дека вклучените во неа се повеќе се занимаваат со нивните семејства.

„Сигурно сте читале дека мојот дедо бил бугарски војник. Дедо ми е починат од 1997 година. Нека не напаѓаат слободно тие портали што шират вакви лажни вести, но нека ги остават (на мир) барем нашите семејства“, рече Муцунски.

Тој соопшти дека за настанот информирале голем број преставници на ЕУ, НАТО бидејќи станува збор за невиден преседан и за прекршување на сите меѓународни конвенции за дипломатска заштита и комуникација.

На истата прес конференција Муцунски рече дека секоја форма на вандализам на наша страна е штетна и ја осудува , мислејќи на обвинувањата од Софија за палењето на автомобилите пред бугарската амбасада за што, како што нагласи, власта веднаш излегла со осуда и дејствувала.

Зборувајќи за Акцискиот план за заштита на нмалцинствата, што го бара ЕУ околу преговорите а кој единствена во Брисел го отфрли Бугарија, Муцунски одговори дека станува збор за документ од експертска природа на кој работеле наши и експерти делегирани од Советот на Европа и дека не гледа суштинска пречка, ниту пак таква соопштила Софија. Очигледно, заклучи тој, станува збор за различна интерпретација што се европски обврски на Македонија и дека треба да се најде механизам тоа да се разјасни. Наспроти тоа тој сепак оцени дека дијалогот со Софија последниот месец има засилена динамика , дека тоа е добро и дека биле корисни средбите меѓу него и бугарската шефица на дипломатијата, на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Илијана Јотова, како и на спикерот на Парламентот во Софија, но дека толкувањето во Бугарија е дека уставните измени и Акцискиот план не се единствените услови за Македонија за ЕУ.

Според него, сега се движиме по пат (до ЕУ) кој е непредвидлив и дека тоа е „пат по кој оваа влада нема да оди“. Се прават максимални напори , рече тој, да се најде решение кое ќе биде одржливо и достоинствено , бидејќи граѓаните ги избрале за тоа.

Тој во исто време најави дека е утврдена кандидат за нов амбасадор на Македонија во Софија и дека е од редот на професионалниот кадар во МНР. Генерално тој кажа дека во моментов испразнети се 16 амбасади, при што ги вброи како неиспразнети и тие 12 за кои е почната процедурата за праќање амбасадор. Тој во рамките на отчетот за работата соопшти дека остварил 110 работни посети и над 400 средби, а сме биле домаќини на 40 светски лидери, очигледно ставајќи ги на свое конто и активностите на претседателката на државата и на премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На тротинет само со наполнети 18 години
Следна Статија Талески за Тошковски: Од „брат да ми е ќе одговара“, две години никој не одговара

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот…

February 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Апел до институциите на писателот Венко Андоновски: Да не пропадне, да не се уништи меморијалната постановка во чест на книжевниот гениј Петре М. Андреевски

ЕДИКОЈСИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА АНДРЕВСКИ ИЛИ „ЕЈ БРЕ КОЈ СИ ТИ ПРОТИВ ПЕТРЕТА ДА БИДИШ?!“ Срам ми е што ова го…

August 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

На СОС линијата „АлоБушавко“ деца бараат помош од самоубиствени мисли

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на…

May 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Детали за посетата на Мицкоски на САД: Премиерот по инаугурацијата на Трамп ќе има средби со клучни фигури од новата администрација

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на 20 јануари во Вашингтон ќе присуствува на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.…

January 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?