Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На четири ланци маркети им се закануваат казни во висина од неколку милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На четири ланци маркети им се закануваат казни во висина од неколку милиони евра
ЕКОНОМИЈА

На четири ланци маркети им се закануваат казни во висина од неколку милиони евра

Објавено February 26, 2025 08:35
Сподели
Сподели

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) откри дека четири ланци маркети картелски се здружиле за да влијаат на цените во продавниците, пренесува Само прашај. Од порталот пишуваат дека се работи за два заклучоци од кои во едниот со датум од 20.02.2025 се однесува против Сојузот на стопански комори (ССК), ВЕРО, Тинекс, КАМ и Рептил и нивните застапници, додека вториот Заклучок од 21.02.2025 година е само против Сојузот на стопански комори.

„Во првиот Заклучок, за четирите маркети и ССК има сомнежи дека „на 05.02.2025 година во Сојуз на стопански комори на Македонија одржале состанок на кој склучиле договор и/или усогласено се однесувале, со што ја замениле состојбата на непречена конкуренција на пазарот со состојба на практична соработка помеѓу претпријатијата, чија цел е нарушување на конкуренцијата преку утврдување на заедничко однесување кон добавувачите што претставува постоење на евентуален прекршок од член 59 став (1) точка 1), а во врска со член 7 став (1) точка 1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, се вели во напишаното на Само прашај.

Од таму пресметале дека ако бидат казнети според член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата или со 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година таквата казна би се пресметувала во милиони евра, или тоа во бројки би било дека ВЕРО би требало да плати казна од 10,26 милиони евра, КАМ 26,88 милиони евра и Тинекс со 9,83 милиони евра.

Она што ги издало маркетите било соопштението до јавноста каде се вели дека: Сојузот на стопански комори на Македонија направил ананлиза на пазарот на супермаркети наспроти добавувачи, која што ги детектира точките каде растат цените и каде треба да се интервенира… На состанокот, исто така, беше договорено меѓу сите малопродажни ланци и локални клучни партнери да не се примаат нови ценовници, минимум до крајот на првиот квартал оваа година“.

Ова, според КЗК е склучување на забранет договор и/или усогласено однесување помеѓу конкуренти. Од Комисијата за заштита на конкуренцијата го теретат и ССК како учесник поради тоа ССК влијаел да се стекне перцепција кај сите други претпријатија дека ваквиот договор е постигнат помеѓу сите учесници.

Вториот Заклучок, пак, е само против Сојузот на стопански комори застапувана од Трајан Ангелоски, и тоа поради доставувањето на неточни, нецелосни или податоци кои можат Комисијата за одлучување по прекршок да ја доведат во заблуда, што претставува прекршок согласно член 61 став (1) точка 1) и точка 2) од Законот за заштита на конкуренцијата.

Во пари, овој полесен прекршок би бил до 1% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка.

Инаку, прекршокот на ССК, според Комисијата за заштита на конкуренцијата е бидејќи двајца нејзини членови и тоа извршната директорка Сузана Јаневска и претседателот на Трговската комора при ССК Сашо Дуковски не ја кажувале вистината за состанокот на 05.02.2025 година кога четирите ланци на маркети и членови на Комората се договарале за картелско здружување и влијание врз цени во маркетите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање на парацетамол кај деца: Не водете се по возраста, туку по тежината!
Следна Статија Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница…

December 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

За економска соработка, инвестиции, директна авиолинија Скопје-Букурешт разговарале министерот Николоски и романската амбасадорка Аксинте

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Романија, Адела Моника…

October 24, 2024
ЕКОНОМИЈА

Германија одби 18.000 работници од Западен Балкан

Миграцијата на работна сила во Германија е повеќе од двојно зголемена од 2020 година. Според Агенцијата за вработување, во јуни…

February 19, 2026
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Речиси 13 милиони евра за граѓаните од „Мој ДДВ“

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека започна исплатата на средства за скенирани фактури за првиот квартал од 2025…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?