Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците
ЕКОНОМИЈА

На четири фирми за управување со станбени згради им се одземени лиценците

Објавено April 29, 2026 20:25
Сподели
Сподели

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбени згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци.

Целта на вонредната периодична проверка, како што информираа денеска од РКД, била добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.160/2025), според кој управителите на станбени згради беа должни најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење согласно со неговите одредби.

Со извршената проверка биле опфатени правни лица – управители на станбени згради со седиште во повеќе градови во државата, меѓу кои Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип, Битола, Кичево, Велес, Куманово, Кочани и Кавадарци.

При проверката констатирано е дека 62 правни субјекти го имаат усогласено своето работење.

– Кај 4 управители, од кои 3 се со седиште во Скопје и една во Струмица, констатирани се неправилности, недоставени податоци или неисполнување на обврските утврдени со закон. Еден од управителите со одземени лиценци не извршувал дејности над кои ние како комисија имаме надлежност повеќе од 6 месеци наназад и со тоа свесно се откажале од управувањето. Две од правните лица-управители после одземањето на лиценците си ги завршиле комплетно своите обврски согласно Законот за домување, во поглед на враќање на средствата од резервен фонд и изготвување на завршни финансиски извештаи, изјави Никола Затуроски, претседател на Регулаторната комисија за домување.

Според последните податоци на РКД, во државава вкупно 8.053 станбени згради се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици. Со лиценцирани управители се 5.600 објекти, со договори за вршење управувачки услуги со вкупно 135.338 посебни делови, односно станови и деловни простории. Податоците од Централниот регистар, пак, покажуваат дека до средината на декември минатата година има 2.453 активни регистрирани Заедници на сопственици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цените на нафтата нагло пораснаа по планот на Трамп за Ормускиот теснец
Следна Статија Адвокатот на Раде Трајковски – Штекли: Ќе ја обжалиме осумгодишната казна затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во август 45 310 денари

Во август годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45 310 денари, а просечната бруто-плата била 68 180 денари што во…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справила со кризата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за…

February 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Државата не се откажува од ништо што носи бенефит, а Чебрен ќе стане реалност, потврди Божиновска

ХЕЦ Чебрен ќе стане реалност, што е потврда дека секој мегават од браната која ќе биде изградена, ќе претставува чекор…

June 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Сите маркети да ги додадат основните производи во кошницата до крајот на денот, во спротивно ќе има мерки

Доколку до крајот на денот, сите маркети кои се пријавени за новогодишната кошница не ги додадат основните прехранбени производи, а…

December 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?