Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 11 март собраниска седница за интерпелациите на членови на Судски совет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 11 март собраниска седница за интерпелациите на членови на Судски совет
МАКЕДОНИЈА

На 11 март собраниска седница за интерпелациите на членови на Судски совет

Објавено March 3, 2025 18:03
Сподели
Сподели

На 11 март би требало да почне собраниската седница на која на дневен ред ќе бидат интерпелациите за петтмината членови на Судскиот совет. За ова, како што за МИА потврдуваат од владејачкото мнозинство, меѓу другото било разговарано на денешната понеделничка редовна средба на претседателот на Собранието Африм Гаши со координаторите на пратеничките групи. На собраниската веб – страна седницата се уште не е закажана.

Интерпелациите ги поднесе владејачкото мнозинство со потписи од 67 пратеници. Се однесуваат на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието и тоа Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.

Претседателот на Собранието Африм Гаши на петочната средба со новинарите кажа дека седницата ќе биде во првата половина на март, како и дека сите членови на Судскиот совет одговорите на интерпелациите ги доставиле до Собранието.

Неделава Парламентот има интензивни активности. За утре (4 март) се закажани седници на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и
на Законодавно правна комисија.

Во четврток Собранието ќе биде домаќин на претседателот на хрватскиот Сабор Гордан Јандроковиќ, претседател на хрватскиот Сабор, кој ќе биде пречекан со свечена церемонија со високи државни и воени почести, по што ќе има средба со претседателот на македонскиот законодавен дом Африм Гаши, а потоа и обраќање пред пратениците.

Во петок се закажани две седници Седница 38. редовна седница и 39. свечена седница по повод 30 години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција, која се одржува во пресрет на Празникот на жената 8 март.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гореше куќа во Ново Лисиче
Следна Статија Мицкоски положи венец на Меморијалниот споменик на унгарските херои

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерот Муртезани склучи договор со „Арберија Дизајн“, фирма која ја обвинуваше за криминални тендери ДУИ

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, потпишал договор за соработка со компанијата „АРБЕРИЈА-ДИЗАЈН ДООЕЛ“ од Тетово која во минатото беше…

July 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот го загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и посочуваат…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Гаши со осуда за вчерашното насилство и дивеење

Во врска со последните настани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Загрижен сум од нивото на култура на Трендафилов

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека е загрижен од нивото на култура на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов кој вчера упати…

February 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?