Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование
МАКЕДОНИЈА

На 14 јуни почнуваат уписите во средно образование

Објавено April 5, 2025 12:24
Сподели
Сподели

Првото електронско пријавување за упис во средно образование во учебната 2025-2026 година трае од 14 до 17 јуни, а второто е на 30 јуни. Конечните ранг листи по двете пријавувања, училиштата ќе ги објават на 2 јули. Како и во изминатите учебни години учениците ќе треба да достават хартиени документи до училиштата, а се прават напори од следната учебна година процесот целосно да се дигитализира.

За ова министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска информираше во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа, потенцирајќи дека конкурсот е креиран во соработка со општините.

Општините имаа обврска да направат анализа на пазарот на трудот и да го известат Министерството за образование и наука за кадарот кој им е потребен. Врз основа на тие информации го креиравме конкурсот, кој е објавен на нашата веб страна и во печатени медиуми“, рече Јаневска.

По однос на полагањето на државната матура, министерката информираше дека оваа година дел од учениците ќе полагаат во холовите и спортските сали во рамки на училиштата, а дел ќе полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети, заради поголема објективност на целиот процес.

Рече дека е неопходно да има растојание од 1,5 метар помеѓу учениците, апелирајќи до нив да не се вознемируваат од просторот каде ќе полагаат и да се фокусираат на подготовките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ефектот Трамп – Американската берза изгуби повеќе од три трилиони долари за еден ден
Следна Статија Исчезна 12-годишно дете во Србија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски

Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски по потпишувањето на првата транша од договорот за 250-те милиони евра наменети за капитални проекти…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Сакаме рационално решение за деблокада на пристапниот процес

Македонската Влада ќе биде непоколеблива и крајно посветена на реформите што ги вети и знае дека тие не може да…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори

Само 42% од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори, соопшти Државната комисија за спречува на корупцијата. Согласно…

September 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски разговораше со британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, Дејвид Лами

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами, британскиот државен секретар за надворешни работи,…

January 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?