Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
БАЛКАН

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Објавено March 16, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Република Македонија, соопшти српската влада.

„Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ и претседателот Вучиќ утринава разговараа за трагедијата во Кочани во Република Македонија, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено е 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија“,се наведува во соопштението на Владата.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата и изрази подготвеност од страна на неговата држава да помогне.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“,објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство
Следна Статија Вучиќ: Испраќаме хеликоптери и лекари во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ФОТО) Зошто Лука Бојовиќ се крие со качкет

На денешен ден пред 25 години беше убиен Жељко Ражнатовиќ Аркан. Неговото семејство како и секоја година го посети неговиот…

January 15, 2025
БАЛКАН

Авион на Кроација Ерлајнс оштетен од куче, полетувањето било веднаш откажано

Авионот на летот од Загреб за Стокхолм како превентивна мерка е однесен на технички преглед откако бил оштетен од куче.…

October 11, 2024
БАЛКАН

Земјотрес во Врање, почувствуван и во Македонија

Потрес со јачина од 4 степени утрово ја погоди Србија, а истиот е почувствуван и во Македонија. Епицентарот на земјотресот…

October 13, 2024
БАЛКАН

Два земјотреси ноќеска го потресоа Косово, едниот со јачина од 4 степени според Рихтер

Ноќеска во 01:46 часот по локално време земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот…

December 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?