Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати
БАЛКАН

Страв и ужас во Босна: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати

Објавено October 4, 2024 19:50
Сподели
Сподели

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица.

Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави.

Според пишувањата на медиумите, во населбата Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Според последните информации, на тоа подрачје се водат за исчезнати 40 лица.

Местото го посети и министерот за одбрана, Зукан Хелез, кој на лице место ги виде размерите на катастрофата.

„Поради планираните летови со хеликоптер, можам да останам само 45 минути, бидејќи копнен пристап е дозволен само на единиците кои учествуваат во спасувачката операција“, рече тој.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Закерберг го зазеде второто место на листата на милијардери, Безос падна на третата позиција
Следна Статија Македонија изгуби врвни лекари кои спасувале илјадници човечки животи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да започне изградбата на дополнителни 2.000 станови…

December 3, 2024
БАЛКАН

Непостоечка организација ги броела присутните студенти на протестот во Белград!

Здружението наречено „Архива на јавни собири“, кое ги презентираше резултатите од своето „истражување“ за протестот кај Славија на 22 декември…

January 4, 2025
БАЛКАН

Ќе се отворат 12.000 работни места и Драч ќе стане „втор Дубаи“

Во соседна Албанија ќе се отворат 12.000 работни места. За 2 милијарди долари, Албанија во Драч прави „втор Дубаи“. Инвеститорот…

April 20, 2025
БАЛКАН

(ВИДЕО) Има мртви при напад на фабрика во Турција: Властите тврдат дека е терористички чин

Силна експлозија одекна во близина на зградата на турската корпорација ТУСАШ, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините…

October 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?