Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани
БАЛКАН

На 18 март Ден на жалост во Србија за трагедијата во Кочани

Објавено March 16, 2025 12:57
Сподели
Сподели

Владата на Република Србија на утрешната седница, на предлог на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, ќе го прогласи вторник 18 март 2025 година за Ден на жалост во Република Србија поради трагедијата во Република Македонија, соопшти српската влада.

„Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ и претседателот Вучиќ утринава разговараа за трагедијата во Кочани во Република Македонија, каде голем број граѓани загинаа во пожар во дискотека, по што беше одлучено е 18 март да биде Ден на жалост во Република Србија“,се наведува во соопштението на Владата.

Претходно претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази длабоко сочувство за трагедијата и изрази подготвеност од страна на неговата држава да помогне.

„Со голема тага ја примив веста за страшната трагедија што ја снајде Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, како и солидарност со народот на Македонија во овие тешки моменти. Нашите мисли се со сите оние кои ги загубија своите најблиски и со оние кои се борат за своите животи. Србија е секогаш подготвена да ја пружи секаква неопходна помош, во согласност со своите можности, покрај своите пријатели“,објави Вучиќ на социјалните мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Таравари најави дека 20-те најзагрозени ќе се лекуваат во странство
Следна Статија Вучиќ: Испраќаме хеликоптери и лекари во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Вучиќ: Ако го признаеме Косово и воведеме санкции на Русија, утре ќе станеме членка на ЕУ

Српскиот претседател Вучиќ не отпатува на самитот на БРИКС во Русија, поради како што образложи, набиената агенда со средби со…

October 23, 2024
БАЛКАН

Нова драма во словенечко Ново Место, по саботното убиство, синоќа пукање во ромската населба

По завршувањето на вонредната седница на градскиот совет во Ново Место, на која учествуваа и владини претставници кои презентираа мерки…

October 29, 2025
БАЛКАН

Во Црна Гора просечната нето плата достигна 1003 евра

Просечната бруто плата во март годинава во Црна Гора изнесувала 1.195 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето)…

May 1, 2025
БАЛКАН

Србија: бебињата близнаци на возраст од еден месец починаа по тешката сообраќајка

Двете бебиња близнаци кои имаа само еден месец, им подлегнаа на повредите по тешката несреќа што се случи вчера во…

January 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?