Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неверојатниот Кејн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд со 100. гол за Баерн
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Неверојатниот Кејн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд со 100. гол за Баерн
СПОРТ

Неверојатниот Кејн го сруши рекордот на Роналдо и Халанд со 100. гол за Баерн

Објавено September 27, 2025 09:12
Сподели
Сподели

Хари Кејн сруши уште еден неверојатен рекорд , станувајќи најбрзиот играч што стигнал до 100 гола за клуб во првите пет европски лиги од 1992 година. Капитенот на Англија постигна два гола во убедливата победа на Баерн од 4-0 над Вердер.

Тимот на Венсан Компани поведе со голот на Џонатан Тах, Кејн го дуплираше водството кон крајот на првото полувреме откако  реализираше пенал. Неговиот втор гол, неговиот 100-ти во дресот на баварскиот гигант, дојде во 65-тата минута со удар од блиску. Конрад Лајмер го зголеми резултатот на 4-0, а Баерн ја прдолжи серијата без пораз од почетокот на сезоната.

Со ова достигнување, 32-годишниот Кејн, кој се приклучи на Баерн од Тотенхем во летото 2023 година за 95 милиони евра (според Трансфермаркт), ги надмина некои од најголемите напаѓачи на денешницата. За да стигне до 100 гола, му беа потребни само 104 настапи, со што ги престигна претходните рекордери, Ерлинг Халанд и Кристијано Роналдо, за еден натпревар.

Хари Кејн (Баерн), 104 настапи, 100 гола
Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), 105 настапи, 100 гола
Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), 105 настапи, 100 гола
Луис Суарез (Барселона), 120 настапи, 100 гола
Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), 124 настапи, 100 гола

„Лудо е дури и за мене. Чест е да постигнам 100 гола за овој голем клуб. Да го направам тоа толку брзо, многу сум горд на тоа. Се надевам дека наскоро ќе стигнам до уште 100“, рече Кејн, користејќи ја можноста да ги негира гласините за враќање во Премиер лигата:

„Навистина сум среќен овде во Баерн. Имам уште две години од мојот договор. И искрено, уживам во секоја минута од тоа. Уживам играјќи овде пред навивачите. Уживам со тимот, менаџерот. Значи, воопшто не ми е на ум. Само се радувам на оваа сезона и се надевам дека ќе можеме да бидеме успешни.“

Кејн е во неверојатна форма во моментов, постигна 15 гола во само осум натпревари оваа сезона. Неговиот 100-ти гол дојде кратко откако постигна хет-трик во победата од 4-1 над Хофенхајм, со што стигна до 70 гола во Бундеслигата во 67 настапи, побрзо од кој било друг во историјата.

Тој го држи и рекордот за најмногу голови во првите 50 натпревари (54) и за најбрзо постигнати 50 гола (43 натпревари). Покрај тоа, реализираниот пенал во петокот значи дека бил прецизен со сите 18 шутеви од белата точка за баварскиот гигант.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“
Следна Статија Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ravens доживеа болен пораз во последниот натпревар на сезоната против Steelers

Шестти рунд новајлија Тајлер Луп промаши клучен гол од 44 јарди во последните секунди, така Ravens загуби во битката за…

January 6, 2026
СПОРТ

Бурни реакции по вчерашниот преседан во „Борис Трајковски“: Европската куќа на ракометот падна на колена – Правилата за Македонија не важат, ова е мизерија

Не стивнуваат реакциите по вчерашниот преседан во европскиот ракомет откако натпреварот меѓу РК Алкалоид и АЕК е одложен Грчките ракометари…

May 26, 2025
СПОРТ

Chief-s во водство против Broncos во првото полувреме

Broncos не успеаа да постигнат touchdown во црвената зона, задоволувајќи се со два кратки полја

December 27, 2025
СПОРТ

(ВИДЕО) Елмас со јубилеј, 200 натпревари во дресот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас синоќа прослави јубилеј – 200 натпревари за Наполи. „Дијамантот“ од италијанскиот клуб доби подарок врамен…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?