Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета
ЗАБАВА

Невин 46 години лежел во затвор – ќе добие 1,4 милиони долари отштета

Објавено March 25, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Јапонец осуден за четирикратно убиство и кој поминал 46 години чекајќи смртна казна, ќе добие отштета од 1,4 милиони долари, потврди судски службеник.

Надоместокот изнесува околу 83 долари за секој ден што Ивао Хакамада го поминал во затвор.

Хакамада беше осуден на смрт во 1968 година за убиство на неговиот шеф, неговата сопруга и нивните две деца во 1966 година.

Поранешниот боксер, кој сега има 89 години, беше ослободен во 2024 година, откако неговата сестра, заедно со други, со децении водеше кампања за негово ослободување, пишува Гардијан.

Судот, во одлуката донесена вчера, пресуди дека тој има право на компензација.

Во септември истиот суд на повторното судење одлучи дека Хакамада не е виновен и дека полицијата манипулирала со доказите.

Според Судот, Хакамада бил подложен на „нехумани сослушувања со цел да се изнуди признание“.

Локалните медиуми јавуваат дека ова е рекордна сума на обештетување од овој тип во Јапонија.

Сепак, неговиот адвокатски тим вели дека парите не можат да ја надоместат штетата што ја претрпел.

Годините поминати во притвор, со постојана закана од егзекуција, сериозно му наштетиле на менталното здравје на Хакамада, велат неговите адвокати, опишувајќи го како личност која „живее во свет на фантазии“.

Хакамада беше петтиот осуденик на смрт на кого му беше одобрено повторно судење во повоената историја на Јапонија.

Сите четири претходни случаи исто така завршија со ослободителни пресуди.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен болничар од Клиничката болница во Штип, допирал малолетничка која била на пракса
Следна Статија Поранешниот градоначалник на Лозово осуден на година ипол затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

„Пипл“ ја прогласи 62-годишната актерка за најубава личност во 2025 година

Магазинот „Пипл“ го лансираше изборот на најубавите луѓе на светот во 1990 година. Целта на проектот е да ги доближи…

April 23, 2025
ЗАБАВА

Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

Жерар Пике (38), поранешен фудбалер на Барселона и поранешен сопруг на Шакира, раскинал со својата 12 години помлада партнерка, Клара…

April 26, 2025
ЗАБАВА

Ќе се бира „Мис Македонија 2025“: Ова се деталите

По успешното прво издание на „Мис Македонија“ во 2024 година, кога земјата за првпат доби своја претставничка на изборот за…

July 23, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) „Штом сум среќна“: Владо Јаневски има нова песна

Една од најголемите македонски ѕвезди Владо Јаневски има нов сингл. „Штом сум среќна“ е насловот на песната со интересен текст за девојките кои му…

July 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?