Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон
СПОРТ

Невреме и силни бранови го прекинаа 38. Охридски пливачки маратон

Објавено August 30, 2025 16:22
Сподели
Сподели

Поради лошите временски услови проследени со силен ветар и бранови во 14 часот и 30 минути прекинт е 38. Охридски пливачки маратон.

Трката, според судијата Марјан Бошалевски, е прекината во близина на хотел Гранит.

– Големото невреме проследено со високи бранови предизвика проблеми кај пливачите. Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на податоците ќе биде прогласен победникот. Согласно правилата, доколку временските услови не дозволуваат по поминати две третини од патеката, трката се прекинува, појасни Бошалевски за МИА.

Во времето на прекинот на трката маратонците се бореа со брановите во близина на Гранит.

Шеснаесетте пливачи, 10 во машка и шест во женска конкуренција стартуваа утрово во 10 часот од Свети Наум, а на Охридското пристаниште се очекуваше да пристигнат околу 16 часот.

Дваесет и пет километарската патека тргнаа да ја препливаат маратонци од Македонија, учествуваат и пливачи од Италија, Полска, Србија, Аргентина и Португалија.

Во женска конкуренција настапија пливачките: Елена Лионело – Италија, Росана Гошева – Македонија, Алисја Гедриш – Полска, Милица Љубисављевиќ – Србија, Ерика Абигал Јенсен – Аргентина, Мајте Ајлен Пука – Аргентина. Настапот на Охридскиот пливачки маратон, поради повреда го откажа пливачката од Турција Еда Сајин.

Во машка конкуренција учествува 10 пливачи од кои четворица од Македонија – Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков, потоа Акуилес Балаудо и Матиас Дијас Хернандес од Аргентина, Италијаните Федерико Тамборино, Марко Инглима и Матео Фурлан, како и Хуго Риберио од Португалија.

Организатор на маратонот е плувачкиот клуб „Охридски бранови 2008“, а се одржува под покровителство на претседателката на државата Гордана Сиљановска – Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.

Наградниот фонд, како што информира организаторот, изнесува 15.000 евра.

Охридскиот пливачки маратон и оваа година е дел од Фестивалот на спортови на вода (Ohrid Water Festival).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Силниот ветер однесе кров од зграда во Ѓорче Петров
Следна Статија ЦУК: По силното невреме во Скопје се предизвикани материјални штети и регистрирани пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Петар Јан триумфира на UFC 323, враќајќи го бантам шампионскиот појас

Рускиот борач докажа дека нешто е различно во неговата втора битка со Дванишвили

December 8, 2025
СПОРТ

Србија ја преживеа битката во Албанија

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното…

June 7, 2025
СПОРТ

Ѓоковиќ: Благослов е да се испишува историја на мојот омилен турнир

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу. „Секое парче…

July 6, 2025
СПОРТ

ПМФЛ: По бод за Вардар и Струга во дербито на врвот

Дербито на 9. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) меѓу Вардар и Струга заврши попладнево без победник, додека Силекс…

October 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?