Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование
МАКЕДОНИЈА

Независниот академски синдикат не гледа суштински измени во законите за високо образование

Објавено April 5, 2026 17:54
Сподели
Сподели

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира на предложениот пакет закони за високо образование и наука, барајќи од Министерството за образование и наука (МОН) да го продолжи процесот на јавна дебата, со цел да се избегнат, како што велат, „непоправливи штети“ врз системот.

Од НАкС информираат дека доставиле забелешки за сите три нацрт-закони, но дека значаен дел од нив не биле прифатени, а предложените решенија во суштина останале непроменети. Според синдикатот, предложените измени сериозно ја загрозуваат универзитетската автономија, преку пренесување на надлежности од независните тела кон МОН.

 

 

Синдикатот предупредува дека ваквите законски решенија оставаат простор за политичко влијание врз кадровските политики, финансирањето и управувањето со високообразовните установи. Посебно се критикува централизацијата на одлучувањето и зголемената улога на извршната власт во функционирањето на универзитетите.

 

Во однос на критериумите за избор во наставно-научни и научни звања, НАкС оценува дека тие се нереално поставени и тешко достижни, особено за младиот кадар, без соодветни услови за работа и финансирање. Наместо зголемување на квалитетот, предупредуваат дека ваквиот пристап може да доведе до одлив на млади научници и слабеење на академската заедница.

 

Дополнително, синдикатот посочува дека во Законот за научноистражувачка дејност нема јасна стратегија за континуирано и предвидливо финансирање на науката, што го доведува во прашање спроведувањето на поставените стандарди.

Како проблем се наведува и предложеното формирање на нова Агенција за квалитет, во која МОН ќе има директно учество, што, според НАкС, не е во согласност со европските стандарди за независност.

Синдикатот бара од МОН да организира дополнителни консултации и средби со засегнатите страни, со цел да се изнајдат решенија што навистина ќе придонесат за унапредување на квалитетот на високото образование и науката.

Од НАкС нагласуваат дека остануваат отворени за соработка и конструктивен дијалог, но предупредуваат дека инсистирањето на предложените решенија во сегашната форма може да има сериозни последици врз развојот на академскиот сектор во земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РК Охрид по стапките на Алкалоид, против Целје за финале во Европскиот куп
Следна Статија Трамп со закани до Иран. „Отворете го еб*ниот Ормузски теснец, луди копилиња“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево

Нико Чонески е новиот градоначалник на Крушево. Тој денес доби најголема поддршка од своите сограѓани, на вториот круг од локалните…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Затворен за сообраќај магистралниот пат кон граничен премин во земјава

Од 15:20 часот магистралниот пат А3 Делчево – граничен премин Делчево, кај с.Ѕвегор, е затворен, информира АМСМ. Затворањето е за…

July 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Груби ќе одговара за крминалот, ветува ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Зголемуваме инвестиции во одбраната, модернизација на Армијата и јакнење на капацитетите за кризи, ризици и сајбер-безбедност

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска (29 септември) присуствуваше се обрати на состанокот на Работниот комитет за спроведување на Националната…

September 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?