Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски
ЕКОНОМИЈА

Некои од маркетите водат политичка борба со Владата, вели Мицкоски

Објавено February 24, 2025 13:30
Сподели
Сподели

Владата донесе одлука. Дали некому таа му се допаѓа или не му се допаѓа, таа одлука е резултат на сите оние разговори, скринзи и се што го добивме како импут. Одлуката мора да се почитува и применува, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по замрзнувањето на маржите и одреденото намалување на цените на производите во маркетите.

Мицкоски констатира дека дел од ланците супермаркети „одлучуваат да водат политичка борба против политичка Влада“. Жали за таквата нивна одлука и вели дека не е добро.

-Тоа е нивен избор и не можам да го оправдам ниту да го осудам. Ова е демократска држава, со право на говор и секој што мисли дека треба да води легитимна борба, нека ја води. Доколку било кој има подобар предлог за подобрување на стандардот на граѓаните, подготвен сум да разговарам било кое време. Би сакал предлогот да биде концентриран. На последната средба имаше дифузна дискусија – од различни претставници на правни лица добивавме различни предлоги. Комората нека се состане и нека донесе предлог и да го видиме, да знаеме на која платформа понатаму би разговарале. Доколку е подобар и во насока на подобрување на стандардото, ќе го прифатиме – не сме најпаметните ниту највештите во целата работа, рече премиерот, нагласувајќи дека ќе продолжат контролите на ДПИ во маркетите и трговците.

Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените кај неколку синџири маркети, за што е поведена прекршочна постапка.

-Четири маркети и една стопанска комора, спротивно на Законот, се договориле да не набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи. Се преземаат ригорозни санкции, соопштуваат од КЗК.

Лебот, брашното, јајцата, млекото, маслото за јадење имаат ограничени маржи од 5% до 30 април.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Билатералниот спор што го имаме со нашиот источен сосед е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век
Следна Статија Буџетот за спорт е дуплиран во однос на минатата година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ристески: Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните

Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните. За таа цел се подготвуваат и законски…

December 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе се купат две нови товарни локомотиви и нови патнички возови

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави подновување на возниот парк на „МЖ-Транспорт“. Во следниот период ќе се набават…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Останувам на ветувањето дека автопатот Охрид – Кичево целосно ќе го изградиме до крај на 2026

За автопатот Охрид – Кичево во минатото најмногу се коментирало и најмногу се лажело. Но јас цврсто стојам на моето…

November 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: До март следната година ќе имаме комплетни проекти за сите косини на автопатот Охрид-Кичево

Еден од најголемите проблеми на автопатот Охрид – Кичево се косините на трасата бидејќи навреме не се испитувала геологијата на…

November 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?