Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти од пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти од пожарот во Кочани
ЗДРАВЈЕ

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти од пожарот во Кочани

Објавено March 25, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Неколку западноевропски држави понудиле подолгорочна рехабилитација на потешките пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција, каде информираше за состојбата на пациентите повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март.

Тој рече дека веќе била изразена подготвеност за оние пациенти каде ќе треба „подолгорочна и попрофесионална рехабилитација“.

-Во следните денови ќе известиме и каде може да бидат сместени тие пациенти, доколку има потреба за подолготрајна рехабилитација. Најверојатно од тие потешките, сигурно некои ќе имаат и таква потреба, рече Таравари.

Тој информираше дека од оние кои се лекуваат надвор од државата, вкупно 115, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

-За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период, појасни Таравари. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментов
Следна Статија Со измените на законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата кои се пензионирани и на студенти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Меџити: Азир Алиу предлог за нов министер за здравство

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното…

May 26, 2025
ЗДРАВЈЕ

Обратете внимание: Предупредувачки знаци дека вашето тело е преоптоварено со токсини

Хипократ уште во антички времиња тврдел дека сите болести почнуваат во цревата, а иако тековите на медицината значајно се имаат…

April 20, 2025
ЗДРАВЈЕ

Намирници што треба да ги избегнувате кога сте болни

Некои намирници кои се инаку здрави можат да ги влошат симптомите и да го отежнат закрепнувањето. Еве неколку намирници што…

December 28, 2025
ЗДРАВЈЕ

Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од…

January 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?