Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ
ПОЛИТИКА

Некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, велат од ЗНАМ

Објавено April 17, 2025 17:23
Сподели
Сподели

За Движењето ЗНАМ за наша Македонија е неприфатлива соработка со нереформираната ДУИ и со лица од СДСМ кои учествувале или се дел од организиран криминал и корупција, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

На прашањето дали овие ставови значат дека ЗНАМ ќе побара изземање на Арбен Таравари од владиниот состав, Мемов одговори:

„Нашиот став е многу јасен, заклучокот број два вели: ‘Секој кој што соработува зад отворени или затворени врати со нереформираната ДУИ за Движењето ЗНАМ е неприфатлив да биде составен дел на партнерството во кое што учествува ЗНАМ’“, рече Мемов.

На прашањето зошто се вели дека состојбата во Вреди е нивна внатрешна работа, а ЗНАМ изјавува дека некој што соработува со ДУИ не треба да биде дел од владата, Мемов рече:

„Случувањата во Вреди се нивна внатрешна работа, кој ќе остане како коалиционен партнер во коалицијата Вреди ќе видиме понатаму, ќе покаже времето. Доколку останат сите, тогаш органите и телата на ЗНАМ ќе разговараат и ќе расправаат по тоа прашање“.

Запрашан дали ЗНАМ има информација дека Алијанса за Албанците, која е дел од Вреди, има некакви комуникации со ДУИ, Мемов рече:

„Тие самите изјавија дека имаат отворена комуникација“.

На прашањето дали во владата ќе се разговара за овие случувања со премиерот, портпаролот Мемов рече дека разговорите и комуникацијата како партнери во владата е континуирана.

„Сите отворени прашања се дискутираат во рамките на владиното партнерство“, рече Мемов.

Запрашан за настапот на идните локални избори, тој најави дека наредната недела Движење ЗНАМ за наша Македонија ќе ја информира јавноста за тоа прашање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Марта Кос: Заморот од проширувањето на ЕУ заврши, направете ги компромисите
Следна Статија Мотоциклист загина откако излетал од пат, сопатникот тешко повреден

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ најави кривична пријава за пратеничката од Вреди Имрлијe Салиу-Фетаи

Пратеничката група на СДСМ на прес-конференција најавија дека е поднесат кривична пријава против пратеничката Имрлијe Салиу-Фетаи од „ВРЕДИ“ за како…

March 14, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче и СДСМ ќе се борат против корупцијата со Фронт за вистина и правда

Лидерството на опозициската СДСМ денеска ја објави својата стратегија за борбата против корупцијата доколку победи на следните парламентарни избори. Претседателот…

May 17, 2026
ПОЛИТИКА

Aпсењето на Александар Нацев е доказ дека правда има, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Денешното апсење на Александар Нацев е доказ дека правда има, и таа важи за сите, се вели во партиското соопштение…

June 9, 2025
ПОЛИТИКА

Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

Бербата на винското грозје е при крај а состојбата со откупот на терен е алараманта, рече денеска на прес-конференција, Трајан…

September 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?