Беше заменик министер за внатрешни работи, а сега бара работа.
На поранешниот заменик министер за внатрешни работи од СДСМ во време на техничката влада Митко Бојмацалиев очигледно тешко му оди потрагата за работа во приватниот сектор.
На социјалнита мрежа Линкдин, Бојмацалиев навел дека е експерт за маркетинг и социјални медиуми и дека бара маркетинг тим за работа.
Митко Бојмацалиев, за време на техничката влада дојде на позицијата заменик-министер за внатрешни работи од местото шеф на Кабинетот на поранешниот министер завнатрешни работи, Оливер Спасовски.
Според неговата биографија завршил Правен факултет на Европскиот факултет во Скопје . Бил и шеф на кабинетот на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев во 2020 година. Но сега очигледно, Бојмацалиев тешко се снаоѓа на пазарот на труд.