Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши
ЕКОНОМИЈА

Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши

Објавено November 13, 2025 15:59
Сподели
Сподели

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска уште еднаш ги „олади“ синдикатите со барањето за зголемување на минималната плата велејќи дека нема да има вонредно зголемување на „минималецот“, туку дека ќе се чека редовното усогласување во март идната година. Дурмиши потсети дека минималната плата годинава се зголеми за околу 2.000 денари

Според Законот за минимална плата, усогласувањето, кое се врши еднаш годишно, се прави врз основа на растот на трошоците за живот, растот на просечната плата во државата, и продуктивноста на економијата.

Дурмиши смета дека доколку се подлегне на притисокот од синдикатите, таквата одлука ќе изврши притисок на малите и на средните претпријатија, кои ќе немаат финансиски средства да ги платат вработените, но ќе влијае и на инфлацијата.

Министерот зѐа економија не е загрижен и инфлацијата која во октомври достигна 4,5 отсто на годишно ниво. Тој очекува таа да се намали до крајот на годината.

Не гледа ниту причина да има мерки, односно да се интервенира врз малопродажните цените.

„За сега не гледам причина за донесување одлука за замрзнување или ограничување на бруто-профитната маржа во трговија на големо или во трговијата на мало, како што го направивме минатата година. Ги анализираме цените и пазарот секојдневно. Ако има потреба ќе донесеме одлука“, рече Дурмиши.

Тој најави дека до крајот на месецот ќе го свика Економско социјалниот совет на кој ќе се прецизираат и владините просечни потрошувачки кошнички.

Наместо мерки или зголемување на минималната плата, Дурмиши најави повисоки плати и повеќе работни места преку новите мерки за инвестиции.

Со усвојувањето на измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите во август годинава и со дополнителните измени што ќе се финализираат до крајот на годината, се создава стабилна, јасна и транспарентна рамка која ќе овозможи поквалитетни инвестиции, отворање на нови работни места и зголемување на продуктивноста во економијата.

Како што соопштија од Министерствот за економија, новите законски измени ќе придонесат кон забрзан економски раст и повисок животен стандард за граѓаните, што значи повисоки плати и пониска инфлација.

„Нашата цел е преку новите мерки да поттикнеме инвестиции со поголема додадена вредност – инвестиции кои ќе ја развиваат производствената индустрија, ќе воведат нови технологии и иновации и ќе создаваат одржливи работни места“, велат од Министерството за економија и труд.

Законот прецизно ги дефинира субјектите кои можат да користат финансиска поддршка – тоа се компании кои реализираат почетна инвестиција од најмалку 100.000 евра, во рамки на преработувачката индустрија.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кондарко: Надоместоците за лицата ангажирани од ДИК за Локалните избори 2025 ќе се движат на ниво на минатите избори
Следна Статија Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Славески: Во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, со зачувување на ценовната и на стабилноста на девизниот курс

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, истакна дека во 2026 година се очекува забрзување на економскиот раст, во гостувањето…

December 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова потенцијална инвестиција на хрватската ЕЛКА, компанија за високонапонски кабли

Директорот Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денес во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател…

August 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?

Традиционално за велегденската трпеза по долгиот пост семејството се собира на ручек на кој вообичаено се готви јагнешко месо,Но традицијата…

April 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе…

November 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?