Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема напредок: Средба на историската комисија, разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема напредок: Средба на историската комисија, разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение
ПОЛИТИКА

Нема напредок: Средба на историската комисија, разговарано за заеднички чествувања и за учебниците за VII одделение

Објавено April 11, 2025 17:33
Сподели
Сподели

Во Софија денеска и вчера се одржа 35. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, соопшти претседатeлот на македонскиот дел од тимот, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

При отворањето на средбата, македонскиот тим искажал благодарност кон Република Бугарија и нејзините институции за укажаната помош при згрижување и лекување на настраданите од трагедијата во Кочани, како и кон бугарското општество и граѓаните за искажаната емпатија и солидарност.

Средбата поминала во работна и конструктивна атмосфера, по прашања од делокругот на работата на Комисијата.

Во текот на 35. средба, се дискутираше по предлог-препораки за македонските учебници за VII одделение, како и за евентуални заеднички чествувања. По однос на овие теми двете страни низ една динамична дискусија ги соочија своите ставови, при што не беше постигнат напредок. Притоа беа усогласени ставовите по нацрт-записникот од 29. средба, се наведува во соопштението.

Претходната средба за заедничката историска комисија се одржа во февруари годинава во Скопје. И следниот состанок на македонските и бугарските историчари предвидено е да се одржи Скопје во јуни.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември минатата година. Нов претседател на македонскиот тим во заедничката комисија е Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а покрај Митко Панов, членови во Комисијата се и Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година. Одлуката да се повлече од Комисијата, како што изјави тогаш, е бидејќи се соочил со политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Досега комисијата усвои препораки за заедничко чествување на пет историски ликови – Светите браќа Кирил и Методиј, Св. Наум Охридски, Св. Климент Охридски и Цар Самоил и по пет препораки за измени во учебниците по историја за шесто оделение во Македонија и за пети клас во Бугарија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски
Следна Статија Обвинителството бара продолжување на мерките притвор и куќен притвор за сите осомничени за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Зајкова се чуди на барањето на Филипче, кога Декларација веќе била изгласана

„Овој проблем со Бугарија мене навистина некако ми личи на некаков дебатен договор. Ние кога воспитуваме дома дете го воспитуваме…

September 4, 2025
ПОЛИТИКА

Османи: Чаир има надеж за промена

Откако неговото име беше официјализирано како кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи утрово во 06:00 часот објави…

July 22, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Интервенцијата во Иран е оправдана, но САД треба да знаат дека и во земјава има авторитарна власт

Лидерот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче смета дека нападот на САД, заедно со Израел, врз Иран…

March 1, 2026
ПОЛИТИКА

Томовски: Ќе биде зголемен бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, гостуваше во ,,Само интервју“…

May 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?