Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски
МАКЕДОНИЈА

Нема ништо спорно советник на премиер да стане уставен судија, јас бев советник на тројца македонски претседатели, кажа Костадиновски

Објавено February 17, 2026 22:59
Сподели
Сподели

Нема ништо спорно во предлогот професорот Гоце Наумовски да биде нов уставен судија, зашто бил советник на премиерот, смета претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, кој вели дека бил советник на тројца претседатели.

– Во уставното судство има неколку типа судии, кои имаат различен пристап во толкувањето на самиот Устав. Има такви кои ги викаме рестриктивисти кои директно се држат до словото на текстот на Уставот, текстуалисти – механички го толкуваат Уставот, но има и судии што го толкуваат во неговата најширока можна смисла и јас сум дел од тие судии. Кога доаѓаат луѓе од академијата како што е од факултетот, тоа за мене е добра вест за уставното судство. Во однос на тоа што бил советник на премиерот, јас бев советник на тројца македонски претседатели. Извршувањето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Дали бил советник на премиер или јас на тројца претседатели, нема никакво значење. Нашата работа се цени токму во оваа сала. Јас повеќе пати имам кажано и сите мои шест досегашни книги се посветени на лојалноста кон Уставот. Лојален сум на Уставот и никому друг. И тоа го очекувам и од новиот колега доколку биде избран, и од другиот што треба да биде, и од досегашните судии – рече тој.

За предлогот на ДУИ да има Бадентер и во Уставниот суд, Костадиновски истакна дека Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи какво што е Собранието каде се носат, изменуваат и дополнуваат законите.

– Јас веќе го имам кажано мојот став околу оваа прашање. Бадентеровиот принцип е многу значаен принцип, но за политички органи какви што се Собранието каде се носат законите, каде се изменуваат и дополнуваат законит. Уставниот суд не е политички орган. Доколку се примени Бадентер во Уставниот суд, тоа ќе значи дека неправни туку друг тип расудувања ќе одлучуваат за уставноста и законитоста и за слободите и правата на човекот и граѓаните. Такво нешто нема никаде во светот. И затоа бев малку поостар во смисла дека ако такво нешто се случи, подобро е оваа институција да стави клуч и нема потреба од постоење на оваа институција, ако нешто такво се предвиди тука. Значи, законите и нивната примена значат гаранции за слободите и правата на секој еден граѓанин, и на немнозинските заедници. Тоа е смислата на Бадентеровиот принцип. Ако мене ме прашувате лично, јас сметам дека Бадентеровиот принцип нема место ниту во Судскиот совет, затоа што други критериуми се. Кога имате Бадентеров принцип, нема правни аргументи. Друг тип на аргументи ќе пресудуваат за одлуките – истакна тој.

За Законот за употреба на јазиците, Костадиновски рече уште е во сила заклучокот дека треба да има подготвителна седница.

– Очекувам многу брзо да се комплетира Уставниот суд и веднаш на првиот работен состанок ќе се отвори прашањето, природно. Ние имаме заклучок дека подготвителна седница треба да се одржи. Тој не е сменет. И никој од судиите не побарал да се смени. Кај нас одлука носат пет гласа. Можеби некој судија ќе рече дека нема потреба за подготвителна седница, па тој предлог ќе оди на гласање. Сега во моментов, сѐ уште е во сила заклучокот дека треба да се одржи подготвителна седница и треба да се одржи, ако јас се прашувам, бидејќи беше мој предлог. Зашто е добро? За таа подготвителна веќе имаме донесено став, ќе се снима во живо, секој еден граѓанин ќе може на својот телефон да види за што ние расправаме во суштина – рече претседателот на Уставниот суд.

Костадиновски апелира граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации.

– Многу ми е битно граѓаните да слушнат за што всушност ние зборуваме, дека нашите одлуки не се страшила. Дали се случи нешто страшно со Балансерот со нашата одлука? Сега ќе има законско решение. Пред тоа беше уредено со подзаконско решение. Уставна материја операционализирана со подзаконски решенија. Не постои такво нешто. Уставните определби се операционализираат со законски решенија, а законските со подзаконски. Верувам дека тој закон ќе биде подобар. Штом го поминал и филтерот на Венецијанската комисија, барем според јавно достапните информации. Треба да престанеме да глумиме владеење на право и да глумиме правна држава. Или сме правна држава, или владее правото, или за 10 години ќе се чудиме повторно како ќе се најдеме – рече тој.

Во однос на барањето на албански студенти правосудниот испит да го полагаат на албански јазик, Костадиновски нагласи дека не сака да прејудицира нешто и ќе се воздржи од коментар на оваа тема кога има предмет за Законот за употреба на јазиците.

Според Костадиновски, линеарното зголемување на пензиите, начелото на јавност во судството, Законот за потрошувачите, нерезидентните, глобалниот данок… се дел од предметите кои се од повисок општествен интерес.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петрушевски: ССМ бара исполнување на барања кои не биле испорачани 7 години од страна на СДС
Следна Статија Mурињо доби црвен картон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Летонскиот претседател Ринкевич: И ветувавме толку многу на Македонија за да го смени името

Летонскиот претседател Едгарс Ринкевич на Минхенската безбедносна конференција го изнесе своето мислење за Украина и за притисокот на Володимир Зеленски…

February 18, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кичево пред еколошка катастрофа: Дива депонија го загрозува животот на граѓаните

Кичево пред еколошка катастрофа,граѓаните се гушат во неподнослива реа која се шири од дивата депонија лоцирана сред град.Кичевчани тврдат дека…

April 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Загадувањето на воздухот во училиштата и градинките речиси за двапати ги надминува препораките од СЗО

Истражување за квалитетот на воздухот во јавните училишта и градинки спроведено во пет општини (Гостивар, Струга, Куманово, Струмица и Кавадарци)…

November 11, 2024
МАКЕДОНИЈА

Зоран Попов e нов в.д. директор на ЗОО Скопје

Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради птичји грип. Од денеска Зоран Попов е именуван за в.д.…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?