Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски
ПОЛИТИКА

Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели Мицкоски

Објавено February 23, 2025 14:33
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му се одземени ингеренциите како што тврди ДУИ.

Според Мицкоски, од ДУИ и треба да се очекуваат „вакви теми, за јазикот, бројката, процентот“, зашто сигурно нема да излезат со некакви предлози за економска реформа, подобро образование или поквалитетно здравство.

-ДУИ ќе си тера вака, немојте да очекувате дека ќе излезе со предлог за некоја брилијантна економска  реформа или како до подобро образование, поквалитетно здравство. Вакви теми ќе бидат – јазикот, бројката, процентот. Тоа ќе очекувате од ДУИ. Ние не сме заробеници на вакви демагогии од пред неколку декади. Тие живеат уште во тоа време кога почнале да се занимаваат со оваа работа. Мене и на Владата ни е најважно луѓето да живеат добро, тоа е нашата борба, ако некому му се допаѓа тоа е тоа, ако не му се допаѓа, ќе дојдат избори, ќе гласаат против нас, ќе дојде некој друг, СДСМ или друг и нека тераат. Нашата цел е добро да живеат сите граѓани, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба.  

Во врска со наводните партиски вработувања, повтори дека додека е тој на чело на Владата, ќе се вработуваат само компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места.

-Нема таква работа ниту ќе има додека сум претседател на македонската Влада. Ќе се вработуваат компетентнти и луѓе кои ќе одговорат соодветно на работните места. За партиски и етнички клучеви не треба да дискутираме, сме кажеле дека ќе напрваиме закон за да има правична етничка застапеност. Бадентерот е уставна категорија, ние мора да го усогласиме законодавството со уставната категорија. Некој може да седи и да си прави списоци, но додека сум премиер тоа нема да се случи, нагласи премиерот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за разрешувањето на Коцевски: Процедурата е тргната, во вторник на седница на Влада ќе помине
Следна Статија ГОБ „8-ми Септември“ ќе се реконструира и за тоа ќе се вложат 12 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

По синот на Фрчковски, уште еден член на СДСМ фатен со дрога?

СДСМ не може глава да крене од скандали со дрога на нивни членови.Нов скандал на повидок од страна на член…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата…

November 17, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?