Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт
ЗАБАВА

Непознат маж ги демнел Џин Хекман и неговата сопруга пред нивната смрт

Објавено March 27, 2025 08:42
Сподели
Сподели

Помина еден месец откако актерот и неговата сопруга беа пронајдени мртви во нивната семејна куќа.

Светот сè уште е потресен од шокантната смрт на актерот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава. Иако Џин беше во доцните години, целиот сплет на околности околу овој трагичен настан е многу потресен.

Секојдневно се појавуваат нови детали, а сега се огласи и фризерот на Бетси и откри некои многу вознемирувачки работи.

Кристофер во својата изјава ѝ рекол на полицијата дека биле загрижени. На новите снимки до кои дошол „Фокс“, тој на полицајците им рекол:

– Таа ми спомна дека еден човек бил паркиран пред нивната капија и ги следел. Во две одвоени прилики. Еднаш отидоа во „Белата карпа“. Отидоа таму и ручаа, а човекот ги следел од паркингот (надвор од нивната затворена заедница), одел по нив сè до „Белата карпа“ – рекол тој.

Бетси наводно го споделила своето изненадување дека обезбедувањето не знаело како тој непознат маж дошол до нивната затворена заедница во која можат да влезат само жителите и нивните најавени посетители.

– Кога тргнавме, забележав дека овој автомобил нè следи од резиденцијата до „Белата карпа“ – наводно Бетси му се доверила на својот фризер.

Според изјавата на Кристофер, Бетси му рекла дека човекот имал папка полна со фотографиите на Џин и сакал актерот да ги потпише за него. Меѓутоа, таа му пришла и му рекла дека треба да има поголема почит и го замолила да ги остави на мир.

Очигледно, човекот се вратил следниот ден и ги следел на друго место. Тој отишол во ресторанот во кој биле и таа рекла дека им понудил шише вино, но тие одбиле.

– Реков: „О, Боже, Бети, тоа е лудо. Не требаше да ѝ се приближуваш на оваа личност. Ова ме прави нервозен“. Знаеше каков автомобил возат и каде се движат, тоа е страшно – рекол Кристофер.

Полицијата верува дека Џин починал околу 18 февруари и дека причината за смртта е срцев удар, додавајќи дека неговиот напреден стадиум на Алцхајмерова болест бил значаен фактор. Канцеларијата на медицинскиот преглед во Њу Мексико соопшти дека Бети починала 7 дена порано од хантавирус синдром – тешка респираторна болест предизвикана од контакт со заразени глодари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија И единствениот противпожарен апарат што се гледа на една од снимките не бил соодветен
Следна Статија Бурни реакции за новите царини на Трамп: се огласија Јапонија, Канада и ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

(Видео) Огромен грбав кит проголта кајакар, но потоа го пушти!

Во неверојатна сцена снимена во Чиле, еден кајакар доживеа нешто што изгледа како сцена од филм – беше проголтан од…

February 14, 2025
ЗАБАВА

Меркур влезе во Стрелец: Астро прогноза за секој хороскопски знак

Планетата на комуникацијата Меркур влегува во полето на авантуристичкиот Стрелец. Еве како ќе влијае на вашиот хороскопски знак. Планетата на…

October 30, 2025
ЗАБАВА

Утре е Тодорова Сабота: На овој ден вака мора да направите

Тодорова Сабота се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота после Прочка. Иако Тодорова сабота е црковен…

March 7, 2025
ЗАБАВА

Почина урбаната легенда и сопственик на „Балет“ – Зоки Панкер

Скопје остана без еден од своите најпознати урбани ликови – Зоки Панкер, сопственик на легендарните клубови „Балет“ и „Фолк“ и…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?