Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол
СПОРТ

Нерешено со Белгија во Скопје, Алиоски ни донесе бод во 87 минута, ВАР ни поништи чист гол

Објавено June 6, 2025 23:16
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено против Белгија 1-1 (0-1) пред преполната арена „Тодор Проески“ во рамките на третото квалификациско коло за пласман на Светското првенство 2026 година.

Одигравме реми против моќната Белгија, но нашата репрезентација може да жали што не дојде и до полн плен против една репрезантација од самиот светски крем.

Белгијците ја имаа првата полушанса во натпреварот откако во 5. минута Алекси Салемакерс биеше од непосредна близина, но неговиот удар заврши далеку од голот на Димитриевски.

Нова полушанса имаа гостите во 13. минута преку Лукаку, но неговиот удар одлично го блокираше Ѓоко Зајков, а во 20. минута Раскин ја погоди стативата на Столе Димитриевски.

Максим Де Кујпер го отвори резултатот во 28. минута и им донесе водство на гостите и со тој резултат се замина на полувреме.

Македонската репрезентација на феноменален начин го отвори второто полувреме, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1.

Полуконтрата започна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со прекрасна завршница на Елиф Елмас.

И по ерупцијата на стадионот следуваше студен туш од главниот судија на мечот, Англичанецот Кавана. Заедно со ВАР тимот ситуацијата се прегледуваше повеќе од три минути, по што беше досуден офсајд, а нашиот гол беше поништен.

Играта продолжи, а во 70. минута Раскин погоди во стативата од нашиот гол. Потоа Алиоски имаше одличен продор во 73. минута по кој го проигра Барди кој евидентно беше фауилиран, но Кавана не се одлучи да досуди пенал за нашиот тим.

И конечно, во 87 минута, правдата стигна кога Езџан Алиоски по асистенција на Дарко Чурлинов постигна гол и израмни на 1:1.

Нашата репрезентација покажа одлична игра, во текот на мечот имаше неколку шанси за гол, погоди две стативи, ни беше поништен гол со ВАР, а имаше и ситуација при која многумина сметаа дека не е досуден пенал за „црвено-жолтите“.

Македонските фудбалери продолжуваат со своите настапи во понеделник, кога во Астана ќе се соочат со Казахстан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје
Следна Статија Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Ливерпул потврди голема вест: Мохамед Салах потпиша нов договор

Ливерпул денеска ја потврди големата вест која беше објавена пред два дена, кога бројни сигурни извори објавија дека Мохамед Салах…

April 11, 2025
СПОРТ

(Видео) Шокантен пораз на Лејкерси во Чикаго – Испуштија предност од пет поени за само 13 секунди

Кошаркарите на Чикаго Булс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 119:117 со чудесен пресврт во последните секунди од натпреварот и…

March 28, 2025
СПОРТ

ПСЖ го доби дуелот на „богатите“ во ЛШ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен и Арсенал  го играа реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Парижаните беа поуспешни…

May 7, 2025
СПОРТ

Ноле во Србија од херој до омразен поради „пумпањето“ за српската опозиција

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу. „Секое парче…

July 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?