Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“
ЗДРАВЈЕ

Несовесното лекување било систематско, не случајно, смета обвинителството во случајот „Онкологија“

Објавено September 5, 2025 17:39
Сподели
Сподели

Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.

Обвинителката Гоговска Јакимовска најави дека пред Судот, ќе изнесе докази дека првообвинетиот Никола Васев свесно и систематски постапувал спротивно на основните начела притоа предизвикувајќи тешко нарушување на здравјето на пациентите.

-Обвинетиот извршил повеќе исти дејствија и со што грубо ги прекршил стандардите и препораките на светските и европски онколошки процедури. Обвинетиот без конзилијарна одлука спроведувал и одобрувал терапии со несоодветно дозирање и аплицирање, и без оценка на перформанс статусот и биохемиски параметри на пациентите. Ќе покажеме дека терапиите биле препишувани дури и кога не биле потребни, а со тоа и штетни, без можност за развивање терапевтски ефект, изјави Гоговска Јакимовска.

Дополнително обвинителство, рече таа, ќе докаже дека ова несовесно постапување било овозможено со директна работа со второобвинетата Мери Пешевска, која во рамки на своето небрежност и постапување му дала свои лозинки за пристап до системот и на тој начин му овозможила финализирање на терапии без соодветен пристап.

-Онколошкото лекување бара исклучително постапување бидејќи станува збор за интензивни терапии каде грешките може да имаат фатални последици. Не следење на меѓународни онолошки упатства, отсуство на конзилијарно одлучување, неправилности дозирање лекови, давање терапија надвор од дозволени, пропуст за земање в предвид на параметри, рече обвинителката.

Најави дека пред судот ќе изнесе докази кои недвосмислено докажуваат дека обвинетите во својство на лекари – специјалисти по онкологија во критичниот период строиле кривично дело несовесно лекување на болни.

-Со постапување спротивно на стручно утврдени постапки, без соодветно конзилијарно мислење… давале неподобни терапии често со несоодветна доза, кои биле не само неефектовни туку и штетни. Ќе докажеме дека не се изолирани грешки, туку образец на несоодветно постапување што резултирало со штета по животот на пациентите. Ќе покажеме дека не го почитувале професионалните обврски, туку делувале со очигледна несвесност и неодговорност. Ваквите нивни дејствија не биле само пропуст, туку со криминални последици. Ќе бараме правдата да биде задоволна во име на законите, пациентите и хуманоста, порача обвинителката.

Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, се обвинети за несовесно лекување пациенти.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџе

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скандал во Грција: Злоупотребиле европски субвенции и направиле штета од 22 милиони евра
Следна Статија Три земјотреси во Србија за еден и пол час

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром

Најсовремената технологија за уредување гени би можела да го искорени Дауновиот синдром, посочуваат научниците од Универзитетот Мејџи во Токио, Јапонија.…

July 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Чибишев: Загадениот воздух во Македонија значително ги надминува безбедните нивоа, што предизвикува сериозни здравствени последици

Професоре Чибишев, како би ја оцениле состојбата со загадувањето на воздухот во Македонија, особено во Скопје? За жал, ситуацијата е…

November 29, 2024
ЗДРАВЈЕ

Еве зошто треба да јадете темно чоколадо секој ден

Во серијата студии кои зборуваат за придобивките од темното чоколадо за телото, најновото објавено во списанието Depression and Anxiety вели…

October 13, 2024
ХРОНИКА

Обвинителството за Вардариште го гони „старо купујем“ оти собирал железо ама немал фирма, а за Дрисла никого оти немало пријава

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за…

September 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?