Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нетанјаху прогласи историска победа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нетанјаху прогласи историска победа
СВЕТ

Нетанјаху прогласи историска победа

Објавено June 25, 2025 08:31
Сподели
Сподели

Израелскот премиер Бенјамин Нетанјаху доцна синоќа изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“. Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодари за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“.

Тој истакна дека нападот на САД врз Иран „е плод на дипломатската кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“.

-Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече Нетанјаху, неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо.

-Ако некој, ако некој во Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со иста решителност, иста сила, за да го спречиме секој таков обид, повтори тој.

„Повторувам – Иран нема да има нуклеарно оружје“, продолжи тој.

Нетанјаху се пофали дека Израел ја уништил иранската програма за балистички ракети и повеќето од неговите лансери.

-Израел му нанесе тешки удари на злиот режим, повтори тој. Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, велејќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг
Следна Статија Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека има мировен договор со Русија и со Украина. Претседателот посочи дека договорот…

April 24, 2025
СВЕТ

(ВО ЖИВО) Светот се збогува со верскиот лидер, денеска е погребот на папата Франциск

Папата Франциск, кој почина во понеделникот наутро на 88-годишна возраст, денеска ќе биде погребан во Рим. Погребната церемонија се очекува…

April 26, 2025
СВЕТ

Трамп го потпиша декретот – воведува царини за челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или…

February 11, 2025
СВЕТ

Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука

Федерален судија во САД го блокираше стапувањето во сила на реципрочните царини воведени на 2 април од страна на американскиот…

May 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?