Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не е само Германија, трагедијата во Кочани покажа дека македонските лекари заминуваат и во соседството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не е само Германија, трагедијата во Кочани покажа дека македонските лекари заминуваат и во соседството
МАКЕДОНИЈА

Не е само Германија, трагедијата во Кочани покажа дека македонските лекари заминуваат и во соседството

Објавено March 23, 2025 11:12
Сподели
Сподели

Трагедијата во Кочани покажа дека македонските лекари не заминуваат само во Германија и други богати западни држави туку дека заминуваат и во соседството.

Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се од Македонија, јавува Радио Валандово.

Како што пренесе бугарската БТВ во емисијата посветена на трагедијата во Македонија, тројцата лекари се од Македонија.

Д-р Марија Кушевска е од Кочани, Д-р Татјана Ачова од Штип, а Д-р Костадинов од Пробиштип.

Д-р Марија Кушевска е меѓу медицинските лица од итната помош кои заминува во спасувачка мисија. Родена е и израсната во Кочани. Во трагедијата изгубила роднини и пријатели.

Додека превземала пациенти за транспорт таа одпосле дознава дека нејзиниот пациент е пријател на нејзиниот брат, а додека патувале со брзата помош за Софија во авионот на пат за Бугарија бил и нејзин прв братучед.

Во тимот на лекари кои патуваа во родната Македонија за да спасат настрадани од големиот пожар во Кочани беше и нашиот валадовчанец Д-р Даниел Кировски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зајкова: Да се направи сеопфатен ветинг за државната служба и избраните и именувани лица  од 1991 година до денес
Следна Статија ВИДЕО: Пожар во Дизниленд, посетителите евакуирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Утре во Кочани нема да се одржи „Маршот на ангелите“

Оваа сабота (13 септември) во Кочани нема да се одржи редовниот „Марш на ангелите“, соопшти Здружението на граѓани „16-ти Март…

September 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЗА ДЕСЕТ ДЕНА: Уапсени 151 возач, одземени 53 возила и пишани 6.264 казни

Изминатите 10 дена , како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни…

March 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ни доаѓа Лазарева сабота: Наберете го ова за во домот, но никако не правете една работа!

Оваа сабота е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш…

April 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

ЕУ ќе го прераспредели финансирањето од Западен Балкан во корист на Македонија, Црна Гора и Албанија

Европската комисија е подготвена да ги прераспредели средствата преку алатката дизајнирана да ги стимулира земјите од Западен Балкан да ги…

July 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?