Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не знам како уште е жив, Трамп јаде многу лоша храна, вели американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Не знам како уште е жив, Трамп јаде многу лоша храна, вели американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор
СВЕТ

Не знам како уште е жив, Трамп јаде многу лоша храна, вели американскиот секретар за здравство Роберт Кенеди Џуниор

Објавено January 16, 2026 12:29
Сподели
Сподели

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп, велејќи во подкаст дека е изненаден што претседателот на САД е сè уште жив со оглед на количината на она што тој го нарече „отров“ што ја внесува секој ден.

Кенеди беше гостин во подкаст воден од Кејти Милер, сопруга на заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Стивен Милер. Кога го прашаа кој има „најлуди навики во исхраната“, Кенеди кратко застана пред да одговори: „Претседателот“.

Не знам како е сè уште жив“, рече Кенеди за Трамп, додавајќи дека претседателот „јаде навистина лоша храна – Мекдоналдс, чоколади и диетална Кока-Кола“. Според Кенеди, кога Трамп е во Белата куќа или во Мар-а-Лаго, тој се храни поздраво. Но, кога патува, често јаде брза храна „затоа што верува во неа и не сака да се разболи на пат“.

Ако патувате со него, добивате впечаток дека се полни со отров цел ден и не знаете како воопшто оди, а камоли како успева да биде најенергичната личност што некогаш сме ја сретнале“, нагласи Кенеди.

По годишниот лекарски преглед на претседателот во април минатата година, лекарот на Трамп изјави дека претседателот е во „одлична здравствена состојба“, а Трамп им рече на новинарите дека чувствува дека е „во многу добра форма“, потсети Форбс.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен обид за сериозен меѓународен криминал – запленети девет пиштоли, едно лице во притвор
Следна Статија Порасна водостојот на Преспанското Езеро, Охридското и Дојранското во мирување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украина ја прекина испораката на руски гас во ЕУ: „Ова е историски настан“

Рускиот енергетски гигант Гаспром соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот наутро по…

January 1, 2025
СВЕТ

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја разнела делови од патот што ги поврзува двете корејски држави

Јужна Кореја објави дека Северна Кореја уништила делови од пат што ги поврзува двете држави на нејзина територија. Тоа доаѓа…

October 15, 2024
СВЕТ

Бурни реакции за новите царини на Трамп: се огласија Јапонија, Канада и ЕУ

Канада наскоро ќе одговори на новите царини за увезените возила што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп и може да…

March 27, 2025
СВЕТ

Орбан: Владата на партијата Тиса ја води земјата кон диктатура

Лидерот на унгарската опозициска партија Фидес и поранешен премиер на земјата, Виктор Орбан, денеска ја обвини владата на партијата Тиса…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?