Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен
СВЕТ

Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен

Објавено March 25, 2025 09:07
Сподели
Сподели

Членови на Советот за национална безбедност на САД ја користеле апликацијата „Сигнал“ („Signal“) да разговaраат за претстојната воена операција против јеменските Хути, и како еден од учесниците на затворената група се нашол и Џефри Голдберг, главен уредник на изданието „Атлантик“.

Во разговорот учествувале клучни претставници на американскоиот врв: министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марко Рубио, потпретседателот Џеј Ди Венс, советникот за национална безбедност Мајк Волц и други високи функционери, или вкупно 18 лица.

Голдберг бил додаден во групата на 13 март 2025 година, само два дена пред САД да ги започнат воените напади. Во напис објавен од „Атлантик“, тој пишува дека во чатот детално се разгледувале сите аспекти на операцијата: времето и целите на нападите, очекуваната реакција на други држави, можните ризици и последици. Главниот уредник истакнува дека потпретседателот Венс бил против избрзан напад и се обидел да ги убеди другите учесници во дискусијата, операцијата да се одложи за подоцна, но неговиот став не наишол на поддршка.

-Никогаш досега не сум видел толку флагрантно нарушување на доверливоста. Членовите на Советот за национална безбедност користат „Сигнал“, но обично само за координирање состаноци и логистика, а не да разговараат за воени операции, изјави главниот уредник на списанието.

Не е јасно како Голдберг се нашол во група која разговара за доверливи воени работи, а самиот нема дозвола за пристап до државни тајни.

По почетокот на воената операција, Голдберг побарал официјален коментар од Советот за национална безбедност. Претставник на советот ја потврдил автентичноста на чатот и соопштил дека моментално се спроведува истрага за тоа како новинарот добил пристап до затворената комуникација.

Според правниците кои ги консултирал „Атлантик“, креаторот на групата, Мајк Волц, најверојатно прекршил неколку одредби од американскиот Закон за шпионажа, кој строго ги регулира процедурите за ракување со доверлива воена информација. Експертите потенцираат дека „Сигнал“ не е официјално одобрен од владата како канал за размена на класифицирани податоци. Во случај на загуба или кражба на телефоните на учесниците во чатот, последиците по националната безбедност на САД можеле да бидат крајно сериозни.

По наредба на претседателот Доналд Трамп, на 15 март 2025 година САД започнаа обемни воздушни напади врз позициите на Хутите во Јемен. Според соопштението на Централната команда на вооружените сили на САД, операцијата е со цел заштита на американските интереси во регионот и обезбедување на слободна пловидба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија РК Вардар прави дрим-тим за следната сезона: Доаѓа полскиот репрезентативец Марцинијак
Следна Статија Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Украина се согласи на условите во договорот за минерали со САД

Киев ги договори условите со Вашингтон за договорот за минерали со што украинските власти се надеваат дека ќе ги подобри…

February 26, 2025
СВЕТ

(Видео) Трамп ги измеша „лончињата“: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан –…

September 13, 2025
СВЕТ

Убиецот (21) од Грац оставил проштално писмо: Убил девет ученици во училиште, а потоа си пресудил

Цела Австрија е во шок поради масакрот во училиштето во Грац што се случи денес во утринските часови. Поранешен ученик…

June 10, 2025
СВЕТ

Албански банди ја користат Британија за перење на крвави пари

Насилните албански мафијаши се кријат во комбиња, носат Ролекси и најмуваат лажни туристи да испраќаат валкани пари дома каде ги…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?