Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа
МАКЕДОНИЈА

Ина Многуфина за пратениците: Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа

Објавено March 25, 2025 11:04
Сподели
Сподели

„Во време на крах на системот кога е нужно да се лоцираат сите закони кои треба да се сменат, оние што имаат дупки што станале тунели, оние кои се донесени за да може да шиба корупцијата, оние закони кои доведоа до оваа трагедија…. собранието си зема две недели одмор. Да одморат они од не знам што. Од праење планови како со седење во Скопје да кешираат патни трошоци, како да идат пијани на работа, како да дремат по цел ден во бифето кое е поевтино и од студентска менза, како да се местат да позираат додека се сликаат како се потпишуваат во книгата на жалост со поглед во камера и поза кума во матично, како да дремеат на седници куцкајки на телефон, да одморат од пикање на штабските потрчковци во собрание за решение, од тоа?

Собранието го носи барјакот за системот кој го немаме, слика и прилика на еден непрофесионализам и неетичност. Да одмореле, демек да не се испотепале за ситуацијата. Еј, немој бе. Демек ќе излезат и ќе се скараат за тоа кој е крив? Па тоа ќе ескалира? Немојте, па ние сите знаеме дека они се другарчиња кои сложно гласаат за плати и патни трошоци како едно. Земале одмор две недели, да не биде полошо.

Демек елоквентниве, дел од нив со фонд на зборови комад три, а дел само послушно дигаат рака. Бугарски пратеник собра 35 000 евра и ги донесе, нашиве одмор земаа. Да одморат од тоа што нигде ги немаше во време на трагедијата. Има допирање на дно во политика ама зимање одмор во време на ваква трагедија кога треба да се анализира системот и да се средува да земеш две недели одмор, не е дно. Од овде треба да викнеш лифт да те качи до дното. Беда“, пишува Ина Многуфина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Новинар по грешка бил додаден во групен разговор на највисоки американски функционери каде зборувале за напади врз Јемен
Следна Статија Швеѓаните ги бојкотираат супермаркетите поради високите цени на храната, годишните трошоци се зголемени за цели 3.000 евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Без оглед на разликите со Филипче, потребно ни е единство за Македонија и важните прашања

„Се побара средба, јас веднаш одговорив, доколку се има некаков план за волја на вистината немаше таков план, таква реторика…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Лице поминува, удира со рака го крши стаклото на Бугарската амбасада и заминува

Објавена е видео снимка од моментот кога е скршено стаклото на вратата од бугарската амбасада во Скопје. Министерството за внатрешни…

January 12, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?