Експратеничката Солза Грчева не би правела никакви отстапки.во однос на позицијата на Македонија за влез во Европа и бугарските условувања.
„Јас сум растела во Европа, како ќе бидам евроскептик? Но, сум со отворени очи! Јас не можам да се заљубам во некој што не ме сака толку време и да останам заљубена вечно и да умрам заљубена“ рече Грчева во синоќешната „Само вистина“ на Канал 5.
„Тоа е глупост! Ќе ја чекам својата шанса, нема да давам отстапки, поготово идентитетски отстапки, за да влезам пошто-пото во Европа, која што сега е самата разделена, расцепена“, рече таа.