Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада
БАЛКАН

Не одете во Грција во четврток и петок, ќе има целосна блокада

Објавено January 4, 2026 18:55
Сподели
Сподели

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан денеска со учество на претставници на 62 блока од целата земја, јави дописничката на МИА од Атина.

На масовниот состанок одржан во Малгара во близина на Солун, претставниците на земјоделците одлучија дополнително интензивирање на протестите, веднаш по Водици што во Грција е на 6 јануари, а целта е земјата да се подели на два дела и да се запрат секакви активности на главните грчки автопатишта.

Во однос на граничните премини, најавите се дека во овие 48-часа ќе постои целосна блокада за камионите, додека пак автобусите и автомобилите ќе се сообраќаат непречено.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
Следна Статија Во акцијата за фаќање на Мадуро убиени повеќето од неговите телохранители

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Опозицијата од Нови Сад повика на 14-минутна граѓанска непослушност в петок и блокади в недела

Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат…

November 13, 2024
БАЛКАН

Поскапуваат патарините во Србија

Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење…

June 30, 2025
БАЛКАН

Градат 2.000 станови: Целта е цената за квадрат да се намали на 3.000 евра

Градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ очекува следната година во главниот град на Словенија да започне изградбата на дополнителни 2.000 станови…

December 3, 2024
БАЛКАН

Вучиќ објави дека во Србија се случил обид за „вистински државен удар“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во Србија се случил организиран обид за „вистински државен удар“, бидејќи биле…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?