Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Опозицијата од Нови Сад повика на 14-минутна граѓанска непослушност в петок и блокади в недела
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Опозицијата од Нови Сад повика на 14-минутна граѓанска непослушност в петок и блокади в недела
БАЛКАН

Опозицијата од Нови Сад повика на 14-минутна граѓанска непослушност в петок и блокади в недела

Објавено November 13, 2024 20:20
Сподели
Сподели

Новосадската опозиција денеска ги повика граѓаните на 15 ноември да прекинат со работа на четиринаесет минути и да го изразат своето незадоволство преку индивидуален протест и граѓанска непослушност бидејќи обвинителството се уште нема осомничени за падот на настрешницата на железничка станица во тој град, при што животот го загубија четиринаесет лица. Активистите од групите „СвиЧе“ и „СТАВ“ најавија протест и демонстрации во Нови Сад и в недела на 17 ноември напладне, каде ќе побараат одговорност за падот на настрешницата на железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград.

Сите опозициски советнички групи во Градското собрание најавија дека во петок, кога се навршуваат четиринаесет дена од падот на настрешницата, граѓаните треба од 11:52 до 12:06 часот да покажат емпатија и солидарност со семејствата кои ги загубија своите најблиски.

Доколку сте во кола застанете во 11:52, запалете ја светлосната сигнализација и излезете од колата, ако сте на работа излезете од зградата каде што работите на улица во тоа време, ако сте на факултет, напуштете ги часовите и вратете се подоцна, учениците тие 14 минути да ги поминат во училишниот двор, нека прогласат пауза лекарите во тој момент, приватните претприемачи исто. Секој во тоа време треба само да застане, бидејќи животот на тие 14 луѓе застана во секунда!, се наведува во повикот на опозицијата.

Оттаму посочуваат дека „обвинителството, кое е изложено на притисок и опструкции на властите“, се уште не прогласило никого за осомничен за трагедијата на Железничката станица, но оти тие „нема да дозволат режимот да ги заборави жртвите“.

Пратеникот и поранешен градоначалник на Нови Сад, Борислав Новаковиќ од Народното Движење на Србије (НПС), ги повика и другите градови во Србија во петок да застанат тие 14 минути.

Огласот го потпишаа НАДА за Нови Сад – Нови ДСС – ПОКС, Крени прамени – Нови Сад, Србија Центар – БРАВО Нови Сад, Националното движење на Србија – Еколошко востание, Партијата за слобода и правда (ССП) и Движењето за пресврт, Демократска партија (ДС), Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Зелено левиот фронт, Граѓанската група Херои – Миша Бачулов и советник на Лигата на социјалдемократите од Војводина.

Во меѓувреме, групата „СвиЧе“ и „Став“ најавија дека во недела на 17 ноември ќе организираат протест и барикади на раскрсницата Булевар Јаша Томиќ и Булевар на ослободувањето пред Железничката станица во Нови Сад.

Дотогаш го поддржуваме повикот на новосадската опозиција дека во петок, на 15 ноември, „14 дена по злосторството, сè да застане на 14 минути – од 11:52 до 12:06 часот“, наведуваат во соопштенето, додавајќи дека продолжат понатаму се додека не се исполнат сите барања и ослободување на уапсените.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Повторно катастрофални поплави во Шпанија: Малага е под вода (ВИДЕО)
Следна Статија Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Владата на Србија тврди дека ги исполнила сите барања на студентите

Владата на Србија во оставка испрати инструкции до дипломатската мрежа во земјите-членки на ЕУ и до Европска Унија со инструкции…

February 10, 2025
БАЛКАН

Студентите во блокада тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: На 1.февруари блокада „Три месеци – три моста“

Студентите кои ги блокираа факултетите во Белград утринава се собраа пред Факултетот за драмски уметности, од каде пеш тргнаа кон…

January 30, 2025
БАЛКАН

Двајца холандски тинејџери пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул

Двајца холандски тинејџери беа пронајдени мртви во хотелска соба во Истанбул, а се сомнева дека починале од труење. Според извештаите,…

August 25, 2025
БАЛКАН

(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник

Обид за вооружен грабеж се случил вчера во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот. Маскирано лице со…

February 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?