Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат
БАЛКАН

Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат

Објавено July 25, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Незаконски поставените чадори за сонце, лежалки, пешкири и други слични предмети на јавен простор, на плажите во Полихроно и Калитеа биле отстранети, одземени и однесени на рециклирање, во рамките на контролите што ги спроведува општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

Од општина Касандра објавија фотографии и соопштија дека акцијата беше во рамките на интензивираните контроли за заштита на јавниот карактер на плажите, спроведена со помош на полицијата и без претходно предупредување, како што е предвидено со закон.

Отстраните беа предмети, кои најчесто туристите ги оставаат на плажите во текот на ноќта за да имаат обезбеден простор за следниот ден.

Сите предмети, столици, лежалки, чадори за сонце, пешкири, душеци за вода, се конфискуваат, не им се враќаат на сопствениците и се носат во единицата за рециклирање.

Контролите ќе продолжат и ќе се прошират низ целиот прв крак, а од општината порачаа дека „плажите им припаѓа на сите“ и повикаа да се почитува јавниот простор.

Вакви контроли и операции имаше и во изминатите години, а од општина Касандра во средата преку соопштение и преку објава на социјалните мрежи на три јазици: англиски, германски и српски, најавија интензивирање на контролите за отстранување на предмети што нелегално го зафаќаат јавниот и слободен простор на плажите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра
Следна Статија Србија со Јокиќ на Евробаскетот 2025

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ВИДЕО) Силна бура ја погоди Црна Гора: Сообраќајот е во прекин

Силна бура го погоди црногорскиот брег утрово, а Котор и многу градови на приморјето се целосно покриени со дожд. Силен…

August 30, 2025
БАЛКАН

Бремената пратеничка Соња и нејзиното бебе се добро, изјави вечерва Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека пратеничката Соња Илиќ, која денеска беше повредена во 8-ми месец од бременоста во српското…

March 4, 2025
БАЛКАН

Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како…

November 3, 2024
БАЛКАН

Хрватската полиција со дронови почна да „лови“ несовесни возачи

Денес во Хрватска од 10 до 16 часот, на патиштата низ целата земја се спроведува голема полициска операција на зголемена контрола…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?