Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра
МАКЕДОНИЈА

Патувањата во ЕУ ќе не чинат повеќе: Наместо 7 ќе плаќаме 20 евра

Објавено July 25, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Европската Унија објави датум за старт на Системот за влез/излез (ЕЕС) и потврди дека таксата за влез преку ЕИАС-системот се зголемува од седум на 20 евра.

Фазната имплементација на ЕЕС ќе почне на 12 октомври годинава, а системот треба да биде целосно функционален до 10 април 2026 година на сите гранични премини на ЕУ. ЕЕС ќе биде автоматизиран систем кој ќе бара од патниците од земјите надвор од ЕУ да регистрираат биометриски податоци (отпечатоци од прсти и фотографија од лицето), да внесат информации како име, детали од пасош, и податоци за влез/излез. Во шестмесечниот период на приспособување, патниците ќе се соочат со комбиниран пристап – и биометриска и рачна регистрација.

ЕТИАС (Европски систем за патнички информации и одобрување), пак, ќе почне со работа во периодот меѓу октомври и декември 2026, потврди ЕУ. Првично планираната цена на ЕТИАС беше 7 евра, но сега е повеќе од тројно зголемена – на 20 евра. Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Туристичките асоцијации реагираат дека ова зголемување е неоправдано, нејасно образложено и потенцијално штетно за граѓаните и индустријата. Во заедничко соопштение, меѓу кои се и „Airlines for Europe“, Европското здружение за туризам, Здружението на европски туроператори, Асоцијацијата на хотелиери и ресторани, тие наведуваат:

„Иако надоместокот можеби изгледа симболичен, неговото кумулативно влијание врз семејствата и туристите е сериозно, особено во контекст на растечките цени на сместување и другите трошоци“.

Асоцијациите ја повикуваат Европската комисија да презентира детална финансиска анализа и да разгледа алтернативи, како предлогот за такса од 10 или 12 евра. Тие се жалат на недостаток од транспарентност во начинот на кој бил предложен овој износ и бараат јавна расправа и инклузивност во процесот на носење одлуки.

Европската комисија го оправдува предлогот со растот на инфлацијата и трошоците за технолошка поддршка на системот. Според нив, предложената цена од 20 евра е слична на таксите во други земји – британскиот „ETA“ чини 16 фунти (18,4 евра), а американскиот „ESTA“- 21 долар (17,8 евра).

Но, туристичкиот сектор остро возвраќа:

„Врзувањето со слични системи во други земји е опасен преседан. Одлуките на ЕУ треба да бидат базирани на реални потреби и трошоци, не на споредби без правна основа“.

Дополнително, се предлага вишокот од собраните средства да се користи за модернизација на туристичката инфраструктура, обука на кадар и зелени иницијативи во туризмот.

Обврската за ЕТИАС важи за државјани на 59 земји, меѓу кои и САД, Канада, Австралија, Велика Британија и сите држави од Западен Балкан. Но, одобреното патувачко овластување не гарантира сигурен влез, бидејќи граничните служби го задржуваат правото да одбијат влез.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нејмар во изненадувачки трансфер се враќа во Европа?
Следна Статија Не оставајте лежалки и пешкири во Полихроно и Калитеа, ќе ви ги рециклираат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Лимани: Ја зголемуваме поддршката и инклузијата на ранливите категории граѓани

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено…

November 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ексдиректорот на ЗОО Скопје ќе формира фондација со цел да најде пари за вработените и животните

„Поради големиот интерес во јавноста, чувствувам должност да ги известам граѓаните и медиумите дека два месеца по завршувањето на огласот…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија меѓу земјите со најголем пад на населението

Светска банка ја стави Македонија на листата на земји и територии кои доживуваат најголем пад на населението во светот. Најголемиот…

September 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Од околу 11:30 до околу 14:00 часот беше блокиран патниот правец Прилеп-Градско кај Плетвар поради протест со кој се бара…

February 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?